капиџик м.

капиџик (м.)

Тоа го сторија во првата година; во втората, пак, откако со исто такви ѕидови, во кои како некој вид проток, вградија капиџици, тој голем и легнат од север на југ правоаголник го поделија на четири еднакво големи и исправени од исток на запад правоаголници, пристапија кон подигање на зградите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
-Никогаш во животот низ капиџик.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како мал го носеше татко му кркач на манастирски празник, кога во дворот меѓу црквата и конакот беа поставени сергии со барчиња како свирчиња, зашеќерени јаболчиња на стапчиња, прапорци за угичи и порти и прапорчиња за сугариња и капиџици, картонски маски за очите со ластиче преку ушите до тилот, медени колачиња тврди како пилешки срца, до колобајчиња во различни бои, а и шарени како градски велигденски јајца.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Место граници, луѓето меѓу куќите си имале капиџици кои ги поврзувале, и во среќни и во мачни времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе го отворат ли најпосле последниот капиџик што им пречи подобро да се видат?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Климент Камилски, според планот, сакаше да го провери живото постоење на централните набележани заемки, како што се покрај чаршијата и еснафот, уште и ќерпичот, сокакот, маалото, капиџикот, калдрмата, кааван-сарајот и други, кои требаа да бидат и коти на прошетката со Татко во стариот дел на градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа Камилски забележа дека поврзаните капиџици можеле да обединат цело маало, од еден во друг двор, без да се излегува на улица.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зборовите беа: 1. ајде 2. јаваш 3. табиет 3. милет 4. капиџик 5. комшија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)