канализација ж.

канализација (ж.)

Демонот во него беше преголем за да се провлече низ решетките на канализацијата рамно до земјината утроба, за да стане отровна риба со кал во жабрите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Додека размислуваше така, се сети без некоја особена врска како пред неколку недели виде откината рака на тротоарот и како ја шутна во уличната канализација, како да се работи за кочан од зелка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едниот од нив потскокнуваше, а другиот, еден стар излитен дедо од канализациите, стоеше исправено, држејќи се со розеникавите шепи за жиците и душкајќи го крволочно воздухот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во кутрата Луда Мара се влеваат две фекалии од градската канализација, во неа ѓубре фрлаат неидентификувани лица (Доаѓаат ли од друга планета, па се неидентификувани?) па таа станала грда депонија сред градот, па дури и се заканува со ширење на заразни болести.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ги измив и прстите што не беа во завој а потоа бокалот вода што го истурив врз згазените лебарки ги одвлечка во канализацијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сега Прењес е гратче испресечено со асфалтирани улици, со нови станбени згради, новоизградени приватни куќи, со водовот и канализација, кафеани и кафулиња, таверни и ресторани, банки, пошта, амбуланта, аптеки; железничка станица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ги начулувам ушите и по секоја цена сакам да слушнам звук од мотор на автомобил, човечки збор или цивкање на стаорци од канализација.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Новото Габреш е мало гратче со основно училиште, гимназија, пошта, банка, нова црква, аптека, неколку кафеани, водовод, канализација, струја, асфалтирани улици, полициска станица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во стилот, како е кај вас, граѓанко, во поглед на дефектите на водоводот и канализацијата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Тодор мислеше дека народот ќе се испотепа да гласа за еден завршен студент на филозофија кој во локалниот весник пишува за најновите поправки на градската канализација, зајадливо забележуваше Дејан, колега на Александар.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кога во Париз и Лондон изметот се истресувале низ пенџериња на улиците, во Сараево имало канализација, водовод и шадрван со шеснаесет чешми. (Хазим Акмаџиќ)
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)