камен (м.)

Во битките смртта на сите вам венец ви сплете на гради камен ми кладе.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
– „Колку за гемија, Силјане, околу нашава земја не е чаре да може да дојде, чунки бијат талазите во бреговите и околу наоколу бреговите се спили и камења.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога дошле близу селото Плетвар, кај дервенот, го видел Силјан полето Прилепско; ги видел Маркови Кули; го видел манастирот Трескавец, и од радост веднаш слегол до едни камење, за тамо да се потури со шишето вода, за човек да се стори и оттука пеш да си оди дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Така и Силјан коњарецот, голема радост му се сврте на голема жалост, чунки од големата радост слегувајќи на земи не стори мукает да не го окрши шишето; да што рекле стари: "зла суправа – готова штета", така му се сторило и на Силјана, дека силно паднал на земи и го удрил шишето од каменот и го окршил парче по парче и водата се разлеала по каменот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И камен на шија полесно се носи од пуста црна печалба! (На Циганите). Што спиете, бре! Чукајте, дури господ да чуе!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Бре, Циганин и студен камен ќе стопли и ќе го развесели!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не го гледаш? Кога оди по калдарма, како мачка од камен на камен стапнува.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Такви сте вие! Кога сте на зорт, — дај, помагај, чорбаџи Теодосе, а после за враќањето, тој крив, фрлај дрвја и камења... на чорбаџи Теодос, треси черги над него...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Парите оставете ги на фиљан и фиљан место под тој и тој камен за да си ги земеме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Камен тежок живот ми е а по тежок одзив пусти по народни думи свети!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Како на вратот гердани ниски камења студени така на плешки денови легнале та натежнале Денови ли се - денови аргатски маки големи!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Камен ли му в гради легна стија ли го в коси стегна - срце селско - векот тажно!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Десно од вратата на куќичката камен за седење, а уште понасреде, негде околу средината, голема и дебела црница.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Божем некој друг ти печали та ајде, бабо Анчо, удри гори што повеќе. (Ја зима фурката и седнува на каменот) Да ти се невиди и среќата твоја вака...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Оваа вечер, подоцна, ќе ти тропнам со камче на пенџерето, или ќе ти свирнам, да знаеш оти сум јас да слезеш. Со мил поздрав твој Илија“...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ако ли глава наведеш, чедо, пред турци јадачи, камен да синко залулам сега в твојава колевка.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Да гледаш тело синово ко камен фрлен крај патот, гроб да му утре не знаеш, со цвеќе да го покриеш, со солзи да го полееш, да гледаш а да не можеш, да писнеш и да прозбориш на последната раздела.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Штицата беше од обете страни потпрена на два камена и кога поминуваа преку неа, таа се виткаше и се нишаше толку, што се чинеше дека ќе се скрши под тежината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А железницата јуреше низ темнината со најголема брзина; за скок не можеше ни да се помисли – при таква брзина бездруго би се разбиле на камењата крај пругата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тој извади од џеб два камена изврзани со коноп и со шарена минерска врвка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Повеќе