кадија м.

кадија (м.)

И Ахмед, од сонцето спален, што обесил така некојси кадија грешен врз комшиска жена кој ставил изгнасена рака, да ја обесчести решен . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Можам јас лозјето да го земам и негледано. Ќе му го дадам веднаш сенетов за борчот, на кадијата (Тргнува назад.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тие услуги се плаќаа можеби поскапо и од самите наказанија, ама главно луѓето не се запишуваа во „ќелеш“ тевтер, како ги викаше тој наказателните книги што се водеа кај кадијата и кајмакамот за евиденција на накажаните граѓани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога излегоа пред првите редици и го видоа кадијата со агаларите, застанаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И дури тој се искачуваше со тројца другари по скалите за да дојде до вратата каде што беше кадијата со Анѓа, каданите, Ајша и Сефедина, другите петина се изјазија до прозорците, давајќи си грб и раце еден на друг.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А млада си, ете, одвај што си почнала да живееш и веќе си на буништето од кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таму зад чалмата на кадијата се покажува само главата со русите разбушавени веѓи и ситните мижливи очи на татко му.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дипломат ли е тој или таен советник на кадијата? Сѐ едно што е.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Инаку ќе ги барам преку кадијата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Слушаше како кај комшијата вратата се отвораше; како го изведуваа и втеруваа; како викаа на него, го псуеја, ги слушаше како плуштеа камшиците и како тој сиромав стенкаше и псуеше мајка, вера, жена, деца и на султан и на валија, и на кадија, кајмакам и на сите Турци. Но не се јавуваше ни за добро ни за зло.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Како бре, јузбаши ефенди, како немало причини за зулуми? — се изненади бимбашијата на ваквиот рапорт.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А какви беа царските луѓе против кои се бунеше рајата?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потреси се, тука сум да ти бидам кадија. И соземи се.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тој и селото и ридиштата наоколу биле фатени во обрач на мрак зад чија граница можел тогаш да се стеснува нов обрач на онбашии, заптии, јузбаши, чауши, кајмаками, мулазими, кадии и секакви одбрани стрелци и мислители на царството, повеќето со измеќари, соколари или ќати, но сите со кубури, со долги или краткоклуни пушки, со јатагани, анџари, џилити и наџаци на чие железо со златни или со сребрени нишки е запишана муслиманската покорност пред пророкот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Те тужев. Џабе. Кадија те тужи, кадија те суди.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На кое заминување, на кое враќање од семејната историја се сеќаваат овие бранови: дали тоа беше Мајкино­то заминување во Корча во 1940 година за време грчко-италијанските борби во Поградец, или татковото заминување во Цариград во 1919 година или неговото враќање во Албанија со кадиска диплома, или тоа ќе биде ова мое неизвесно враќање во 1979 година?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се врати со својата кадиска диплома за старо шеријатско и модерно право, беше едно време судија на албанската монархија, на крајот адвокат во Поградец.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше моќен кадија, многу остави, но и многу однесе за новиот живот во Цариград, во блискиот расплет што го наслутуваше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога бликнал изгревот на другиот брег, еднаш кадијата му ја кажал на татко ми тајната што длабоко ја носел во себе со години: „Пријателе мил, со години идам крај Езерово во вашиот пријателски дом.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе