кабина ж.

кабина (ж.)

Одајчето личи на голема удобна кабина на брод што нечујно плови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ги склопи очите и ги виде сите бројки - соседи: се стискаат во телефонска кабина а црната слушалка шушкаво го впива неговиот здив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тогаш шоферот слегува од кабината, го фаќа Зоки за уши и така го довлечкува до тротоарот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Секое утро оди тој до неподвижните автобуси и камиони на улицата, ги гледа, ги отвора нивните врати, разговара со шоферите, влегува во кабините, и црта прави и криви линии врз големите, правливи врати на овие возила.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Потоа тој одеднаш пак стана строг и им нареди на своите морнари да се повлечат во кабините.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се најдовме на борскиот брег на Аспровалта. Во една уличка се градеше нова црква. Се гради и кејот. Кабините се доградуваат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А ти, побрза да кажеш дека сум бил шофер и сега ете, на! Ме пикнале во кабина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Оливера ми кажа дека некои деца биле уште уплашени од војната и дека не можат да спијат, а кога ќе заспијат викаат во сонот и бегаат од постела, се кријат под креветите, некои само да чујат брчење на камион или трактор, и ќе почнат да скокаат низ прозорците, си мислат авиони и тенкови идат и ќе се пикаат по грмушките, ќе се тресат ко пилиња, негователките ќе ги бараат, а тие ги затвориле ушите и очите, само устите им стојат отворени, ама пак не се оѕвиваат, не се кажуваат; оти не се оѕвиваш ми вели Горачинов, кај беше досега отидена, ме прашува, по ортомата своја, му велам, и јас не знам кај бев, а надвор се смеат, на вратите од кабините ни напишале ,То долапи ефтихијас"18 и се смеат,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ме нацрпува и ме крева в раце Горачинов и ко невеста ме внесува во кабината, да не сум ти тешка, му велам, чевлите ти се тешки, ми вели Горачинов, тоа е најтешкото на тебе, ми вели, а пред вратата аплаудираат и Силјан Лилјаков и Филип Хаџиевски и Ристо Коларов и Лазор Рогожаров, што ќе правиме ако нѐ разделат, му велам на Горачинов, ништо, вели тој, в затвор не можам да те изневерам, а на бесилка уште помалку, ми вели и ме легнува на креветот, којзнае дали ќе ме сакаш после, му велам, којзнае дали ќе можеш да ме сакаш,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
дали тогаш се сети дека жената и детето му останаа во Албанија, не знам што се скрши толку за да стои само заделен, ко забошотен човек, го гледаме ние Радевски, а Апостол Макаровски ни покажува две кабини со врати на заклучување, одете вие во кабините, ни вели и едната ни ја дава мене и на Горачинов, а другата на Оливера Поточка и Манол Форевски, вие сте сепак брачни другари, вели,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Втората девојка, нашминкана тинејџерка, е снимена, легната помешешки, во песокот на некоја плажа, несомнено монденска, за што сведочат бело-сините лигештули, чадори за сонце и куполести кабини за пресоблекување во позадина на фотографијата, како и делумно фатениот сламен шанк со свежи коктели од ананас, киви, дињи и друго медитеранско овошје, богато гарнирано во издолжени чинии, елегантни како и вретенестата сенка на мускулестиот келнер во десниот горен агол.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Старецот се наслони на ѕидот од кабината. Очите му беа замаглени.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Офсајд, само така судијо! Се кријам во кабината на автобуската станица.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Излезе од телефонската кабина. Полека тргна по улицата и слушаше како телефонските кули шумолат во воздухот, живи, уште недопрени.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Никој, доколку самиот не е искусен пилот, не прашува зошто пилотот треба да биде во пилотската кабина наместо него.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Виртуелната кабина ја филтрира реалната сцена претставувајќи многу почитлив свет.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Германската филмска ѕвезда, Ани Ондра (Anny Ondra) одвај зборуваше англиски и бидејќи дублирањето, како денес, тогаш не постоеше, нејасните места ги снимав со помош на англиската актерка Џоан Бери (Joan Barry), која беше сместена во кабина надвор од кадарот и која го зборуваше дијалогот во микрофонот пред себе, додека г-ѓицата Ондра само ја отвораше устата, како да зборува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Компјутерот произведува голем дел од истиот сензорен влез што би го искусил пилотот во една актуалната пилотска кабина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Понекогаш еден дисплеј во пилотската кабина му овозможува на пилотот да го гледа реалниот предел покрај виртуелните слики.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Го правеа пред огледала и притиснати на стаклото во туш кабини, го правеа на ѕидови и на мебел на начини кои наметнуваа претходно незамисливи акробатски вештини што тие во тој момент ги измислуваа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќе