итен прид.

итен (прид.)

До пладне имаше уште неколку задачи за вршење, кои не беа којзнае колку итни, но кои во секојдневниот живот во колибата мораа да се свршат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оние што имаат свои коли, ретко ги возат во градот, и тоа само во итни случаи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Захаријадис веднаш нареди да се преведе писмото на грчки јазик и да им се јави на сите воени команданти да дојдат на итен состанок во пештерата над селото Горажде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тука беше уште воената и полициската сила, но за тоа беше потребна итна консултација со сите републички структури.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во некои тајни партиски списи дури и се навестуваше опасноста, ако не се преземат итни мерки, повикот „Пролетери од сите земји, обединете се!”, да заврши со „Козари од сите земји, обединете се!”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие прават разни скаламуции со броевите на кредитните карти, телефонските пораки и автоматските информациони машини. Св. Витус вели дека компјутерите целосно управуваат не само со болниците, банките, воздушниот сообраќај и со системот за итни повици туку и со превозните системи, семафорите и водоводните и електрични услуги - буквално секој систем што вклучува голем број на луѓе и богатства.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Токму оваа итност понатаму ќе нѐ одведе кон читањето на Русо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Денес, кога луѓето ја изгубија својата сенка, итна е потребата да се биде следен од некого, денес кога секој ги покрива своите сопствени траги, итна е потребата некој да ви навлезе во трагата, дури и ако со тоа ја брише и прави вие да исчезнете; тоа е конспиративен начин на исчезнување, тука се игра некој симболичен облик на обврска, еден таинствен облик на врзување и разврзување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И така избезумен од страв, ја почувстува нејзината болка во своето тело, смртна болка која е сепак помалку итна од битката да си го поврати здивот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Денес, кога мал број човечки суштества имаат доволно храна, овој проблем очигледно не е итен и веројатно не би станал таков дури и да ги немаше вештачките процеси на уништување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Би сакал да си тука и, без да има итна потреба и без да има некоја длабока симболика во тоа, да ти подадам нешто и ти да го земеш нежно со раката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Стигна итна лекарска помош. Беше констатирана дијабетска кома!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Итните случаи ги носеа на носилки како повредени фудбалери.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Води сметка само за едно, дека работата е итна - реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Професорката констатира катастрофален неуспех кај поголемиот број од учениците и нагласи дека, доколку не се преземат итни мерки од секој ученик и родител, може да се случи класот да го повторуваат две третини од учениците.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По реализацијата на тие итни задачи можеше да го сврти вниманието кон спецификите на ова мало островце.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш настана тоа, што стариот никако не го предвидуваше, од кое беше силно изненаден, и кое го натера да преземе итни решителни мерки против Пискулиева.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Потоа веднаш испратив нота и до кабинетот на тогаш невидливиот и недопирлив Јасер Арафат, во која го известував за итната порака која ми беше упатена за него и барав итен прием за да му ја предадам!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Побарав итна работна средба со генералниот секретар во министерството за надворешни работи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веднаш му се јави и го повика на итен разговор кај неа дома.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Повеќе