исчува св.

исчува (св.)

Каков е тој „ксмет“ и како не можеше да ме разбере таа наша тетка, што донекаде не исчувала, не сфаќав.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Бог нека те исчува убава и чиста во срцето, рече, а проклетства нека удрат на мене кој те нагрдив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Едно време, кажуваат тие, и се задумувал дека да им го остави тефтерот, но веднаш потоа гласно изразувал сомневање дека не се кадарни да исчуваат такво нешто, од непроценлива историска вредност, кога веќе не си ја исчувал земјата и луѓето на неа, и - не им го оставил.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во таа постела, под тој чаршаф уште влажен од страст по кој ритмички набрекнувале и спласнувале две исчувани дојки, чувствував дека полека се разлева и мојата крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)