исчепка св.

исчепка (св.)

– Јас мислам да се направите дервиши, или калуѓери како ги викате вие, и да ги прошетате тие злогласни села, сетики ќе можете нешто да исчепкате.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Исчепка тој дека меѓу нас, во Сук, има расипници, неранимајковци, агенти, шпиони.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Срцево на земјава ѝ го прекопавме и исчепкавме сѐ до најмало ковче.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Иако знае дека тоа не смее да го прави, допушти нејзините уморни прсти да отворат една кутија и некако од неа да исчепкаат едно догорче.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„ Си помислив дека ова можеби ќе ве интересира“, имаше обичај да каже со срамежлива насмевка секогаш кога ќе исчепкаше по некој нов фрагмент.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Р тагуваше затоа што не можеше да ѝ врати со иста мера: поради енормно густите влакна од носот не можеше да исчепка ништо.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)