истече св.

истече (св.)

Падна, сине, ти на трава в то широко поле, душа даде, душа нема, без да кажеш слово ни за мајка, ни за либе; крвта ти истече как на рудо, сине, јагне, младо и безгрешно!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
А на агите им истекоа очите и само ѕурат: де во нозете, де во градите на Бојана.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Зошчо таа сиромашка токо гледа горе по патот витолишки! Очите и истекоа.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Ги подава незимерно долгите раце и не се чуди што низ неговите прсти исктекуваат безбојни и потоа портокалови млазови за да израснат под него во самите себе но сега кунатките се долги и безбојни а птиците имаат портокалови глави.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
По некогаш, мислејќи на сета онаа крв, истечена по сите снегови назад, си велеше дека не би требало да биде изненаден ни ако го најде некаде папсан во длабочината од својата сопствена трага, оној огромен самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се прекина една ноќ, беше како нешто само по себе да истече и да скапче и тие знаеја дека сите огромни ќиури од бел, зелен и црн мермер и сите други камчишта и бигорите, сите тажни анѓели и сите камени венци, какви што може да ги има само на едни заборавени гробишта и само во Грција, што дотогаш беа ги престојале мирни меѓу тие маслини сите поминати векови, сега се собрани на средината, здробени, и дека тука веќе немаше што да се прави.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
— Добро, тогаш, — почна момчето. — Јас одамна ги гледам нужниците и се распрашувам кај наши луѓе каде води ѓеризот, колку е широк, каде истечува итн.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не приоѓајте му, Три жени со бели шамии околу главите Седат во полето и го чуваат него Спроти долгото патување низ темнината, низ бесконечните растојанија од студот до огнените знамиња на плодот, не приоѓајте му, Утрово ќе ги искачи ридовите и ќе застане на она место каде што застануваат јулските квечрини да ја гледаат девојката со срп во рацете како оди низ полето и застанува боса среде реката на залез сонцето за да ја оплоди и така размножена да истече со реката до свирепите мориња на усмата, Оставете го, Однесете му тогај вода, дајте му сол, и чист во душата нека си легне во полето да слуша како пеат светулките меѓу ожнеаните стебленца на пченицата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Којзнае колку солзи истекоа, цело поле го навадив со солзи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Брза е младоста, човече, ко вода истекува. 29
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го врзав, оздола, за една перка од колцето. Кај што истекува водата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Поточето што истекувајќи од Кладенец тече низ скалести корита, некогаш дрвени сега претворени во обични вирови, долу, а во рамницата, во бавчите, се влива во Голема Вода и е поило на дивината, добитокот и овците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зафати водата полека да истечува, да се впива во земјата, да се повлекува од дворовите, да ги ослободува заробените куќи, луѓето, добитокот; се покажа виножитото, па и тоа како да шумкаше колку што можеше, задува ветер, па и тој започна да ја суши земјата; излезе и сонцето од облаците, па и тоа почна да ја цица земјата; излегоа луѓето од куќите како од Ноевиот ковчег, се бацуваа што го преживеаја овој потоп, оваа несреќа; се јавија и птиците што беа скриени некаде, се нафрлија да клувкаат на сѐ што ќе видеа за јадење; се грабеа, се биеја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
...раката подигната во мигот да го заштити лицето од ненадејниот блесок и додека сечивото на светлината се забива во неа низ сенката низ слабоста на погледот препознавам како утрото истечува од случајно превртената шоља за чај лизгајќи се по жолтеникавата мирисна патека долж која треперат ларвите на прекршениот бескрај... ...тогаш низ напукнатите ѕидови на воздухот што раката ги распорува на повратокот кон долу твоите заробени очи на презреана девојка безгласни а сепак меланхоничниот звук на флејтата очите твои нејаки оази на осамените ноќи сред сјајниот цут на светлото потиснат шепот на бледите траги по врелите јужни патишта...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ни истекоа очите од препишување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе те оставам да ти истече крвта и, сеедно жив ли си или не, ќе ти ја смачкам главата со каменов.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Имаше престегнати очи, речиси собрани во трепките, истечени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Женшини, женшини, се разјугале, ќе им истечат очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луѓето како што пристигнуваат, така фаќаат место во бавчите, на островцето каде што истечуваат изворите, крај брегот на езерото, по дворовите, спростираат ќилимчиња, веленца и седнуваат да се одморат, да јадат; како што надоаѓаат луѓето од околните и подалечните места, така сѐ повеќе се полни просторот околу манастирот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но најтешко е кога сѐ истекло од него, кога е празен, кога душата разумна му ја нема и треба да му ја вратам.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК