испуши св.

испуши (св.)

Дедо Најдо години со ред секои шест месеци купувал по едно грне тутун, и тоа му било мера: испуши ли помалу – нешто не му е добро, испуши ли повеќе – ќе се поболи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
За тоа време мајка ми испуши три цигари една по друга, а Бреза ја отвори машината за шиење на баба ми и, среќна што никој не ја забележува, ги одмотуваше разнобојните макари и ги влечеше низ собата како да ѝ се врзани кученцата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Заслужува единствено да ми го испуши, но мразам секс со прасиња.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Девојката го заврши ручекот брзо и замина, додека Винстон остана да испуши една цигара.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште тогаш ми се причинуваше оти би можела да пресметам колку лулиња испушил ѕидарот додека го ѕидал бунарот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Го испив кафето над растурените хартии и книги, ја испушив цигарата, го сетив она забрзано удирање на срцето и, што сега?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Седнуваше меѓу нив, божем колку да испуши една цигара, одговараше на нивните прашања коишто не беа многу, но секогаш промислени на рамништето на нивната љубопитност и сигурно насочени кон тоа да дознаат што повеќе за него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Откако стана, се зами и испуши една цигара, одеднаш сфати дека нема што да прави и му стана здодевно, а не можеше ни да помисли да се врати в постела да прелегне и да се обиде да презаспие.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еднаш дискретно му предложи на Александар да испушат заедно една марихуана, што тој испаничено ја одби.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Излезе во паркот и речиси во секунда ја испуши цигарата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)