испрчи св.

испрчи (св.)

А пред големите деца се испрчува како да добил орден за својата храброст, и додека бојата на лицето пополека му се враќа, тој вели: - Видовте... видовте ли кој бил кукавица?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Ќе видиме, - се наорли Бузо. - Повели! - се испрчи пред него Коле.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А Арсо Арнаутче станал од клупата и се испрчил, речиси војсководец е што се гордее со раните спечалени на невидено боиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Истовремено знаеше да се испрчи пред животот, дозволувајќи ми тој да ѝ удира шлаканици, но и да пројде низ него, како бестрашен борец кој напаѓа од страна, за да се одбегне ударот на противникот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ја плесна на маса дипломата, се испрчи со своите метро и педесет под прашалник: „Положив, со одличен пет!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)