испреплетка св.

испреплетка (св.)

Мече дури тогаш се присети дека меѓу ископаните купишта земја крај каналот и на реката, виѓаваше многу корења испреплеткани во чуден сплет.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Чадот од многуте оџаци се испреплетка губејќи се лесен и подвижен кон облаците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Модрите жиличиња под нив, на јаготките, како да се движеа испреплетувајќи се и цицајќи сок едно од друго.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Скомињавиот воздух во собата, стврдат од испреплеткани мириси, се таложеше. Притискаше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во тие лески имаше доста простор и доста топла земја за во неа да може да се вовлече неговиот самјак и да си ја скрие и својата болка меѓу испреплетканите корења.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле со бавни, пресметани движења со по една рака, тој го сопаша својот долг појас, а потоа почна со него да се испреплеткува себеси за сите околни гранки, оставајќи се речиси спружен врз чаталите на старата бука, изврзувајќи ја својата половина, своите нозе и своите надлактици исто онака, како што може да биде врзано сѐ друго, само не своето тело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука сѐ така се испреплеткува, та се чини дека владее кошмар и дека сè се сврзало во некаков јазел, од кој никој никого не може да одврзе. Но не и на пладне.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На другиот му истинуваат раните на нозете и болката се шири, пушта жилички што се испреплеткуваат низ сета негова ничкосана снага.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Луѓето стануваа чудни, се нишаа, се топеа пред моиве очи и веќе беа базја меѓу тркала и рогови од кои змиесто се извиваа секакви корења и се испретплеткуваа околу сенките да им ја пијат темната крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кобнички гракна гавран, потоа веќе знаев дека со кусо и болно повторување чкрта бунарски чарк, квичи осакатен пес и се заценува дете, и сето тоа достасуваше до мене и пак се оддалечуваше, се гаснеше или тонеше во некоја тишина чии ластари се испреплеткуваа околу мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вистинска зимска ноќ, а во неговиот поглед тоа прилегаше на една топло расплавена цветна априлска или мајска утринска ледина во која цветовите, испреплеткани со рамката на една заедничка слика, те повикуваат со добрината на играта која, до колку не ја прифатиш, цел живот ќе тагуваш, ќе се каеш, ќе болуваш.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Со крајчето на окото видов нешто жолто-бело како во дијагонала испреплеткано прострелува низ собата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)