исплакне св.

исплакне (св.)

СТОЈАНКА: На здравје! (Ја исплакнува чашата неколку пати и пак налева.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СТОЈАНКА: Еве, уште малце, да ја исплакнам чашава...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Си мислам дека сѐ што ми е извалкано со солзите ќе го измијам, ќе го исплакнам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имаше облечено нова мантија и ставено нова шапка; инаку носеше фетва мантија, излижана и посивена од сонцето; имаше густа брада што му се спојуваше со косата и мустаќите; му се испакнуваа само јаболкцата на образите кои оддаваа црвенило и здравотија; кога газеше, газеше со појадри чекори, при што со нозете како да ја набиваше калдрмата по патот, а мантијата му се затегаше напната во колениците и шушкаше; крстот заедно со клучовите од манастирските порти и простории, провиснати од десниот џеб, му се нишкаа при одење и ѕвецкаа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа бил миг што еднаш во годината се јавува: наеднаш од две страни зачикчирикале две птици исплакнувајќи си ги грлата со сончева гаргара; потоа попукале сите возможни пупки на дрвјата и на грмушките, бело, жолто и румено, и го поплавиле светот со сладок мирис од кој и лицата на старците се измазнувале; и потоа од проѕирните далечини како да надошле златни потоци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И колку таа го стегаше со коланот за да не е упадлив, тој при скокањето уште повеќе ѝ се испакнуваше, а чувствуваше како и зародишот игра во неа, ја клоца со нозете, мава, лутејќи се што го стега.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Си ги исплакнував очите надве-натри, ги земав дисагите на рамо и ги пуштав недоразбудени нозете надолу по калдрмата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Доктор Гете понекогаш ни дозволуваше да влеземе во тие соби во кои луѓето лежеа не поместувајќи се или пак претаа – гледавме во тие замислени глави, избезумени глави, ужаснати глави, престрашени глави; тие гледаа во нас со своите уморни очи, со своите празни очи, со своите очи полни страв, вошит, безумна радост, беспричинска омраза и беспричинска љубов, очи полни со гадење и сласт; ги стискаа усните во молчење, ги испакнуваа во чудење, пропуштаа низ нив по некој едвај чуен збор, благословуваа или се закануваа, крикнуваа во болка и радост. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Големата желба да ги видат своите рожби стануваше привид на птица со цврсти крилја за да долетаат до нас, да не видат и од радост да исплакнат оболени очи, срца и души...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа што сакаа да го видат цело време беше некаде потаму од она што го гледаа, но и не можеа добро да видат зашто прозорците беа од бледожолтеникаво провидни каучукови плаки опшиени во мушамени рамки, така што изгледаа како исплакнати во некаква матна вода.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Си дозволив минерална вода, за да го исплакнам сувото грло од блуткавиот вкус на цигара.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Ајде сега, ставај нешто за мезе и дај го бокалчето со ракија, пет дена не сум ја помирисал. Дај да го исплакнам грлото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знаеш, ти си ми многу чуден. Ти си еден од ретките планинари кои природата најмногу ја користи за да ги тамани цигарите, а не да си ги исплакне дробовите со чист воздух.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)