искрвавен прид.

искрвавен (прид.)

Сѐ додека црвениот лав на сонцето не папса сосема, искрвавен и оптегнат во тревите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Толе ги изгледа од пети до глава извалканите орачи, им ги виде испуканите усти од солта, пиперта и ветерот, им ги виде босите искрвавени нозе, голите изгорени раменици под искинатите кошули, козинавите црни градници и белите глави, полни со земја и му стана чудно од каде во тие робови насмевка?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа вреска, целото е омрсулавено, искрвавено од кошулицата, ама за мене е од убаво поубаво. Зограф.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Првин нѐ острижија. Нѐ стрижат со искрвавени машини, оти машините им заглавуваат од вошки, нѐ мијат некои чесни сестри, нѐ преслекуваат, нѐ преврзуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште кога го видов снегот на Алилово сиот искрвавен ми дојде да извикам Крвави Водици, но за да не ги исплашам луѓето си премолчив, вели Максим гласно и не свртувајќи се назад, спрема Лазора и спрема другите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го јадам искрвавениот леб и се причестувам... Го јадам и плачам...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Влакното што го поврзуваше животот и смртта, негде внатре, во искрвавените гради на Раде, беше толку тенко, што во потполност ја потврдуваше дијагнозата на познавачот на шепотењата на смртта Иво од Шилиговец.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)