исклучителен прид.

исклучителен (прид.)

Тие од Македонците што добија образование во Бугарија ја зедоа иницијативата за ослободување и тие досега ја играа, може да се рече, не само главната, ами и исклучителната улога.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во гимназијата и на универзитетот Хегел не покажувал никакви знаци на исклучителни способности, бил повеќе прилежен и уреден колку што обдарен, и по се изгледало дека ќе стане еден од просечните доценти на некој од многубројните немски универзитети.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Летно време, во привремените колиби и трла излегуваа од селото и други луѓе, косеа, жнееја, садеа компири, но од доцна есен, па сѐ до пролет, освен во исклучителни случаи, кога ќе наминеа ловци, кога ќе ноќеваше кај некого од нив шумарот или кога ќе им дојдеше некој од дома, старците беа сами, како да се наоѓаа во прогонство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа беше свет на тајни во кој влегувањето беше дозволено само во исклучителни случаи, кога некоја необичност ќе му ги разбрануваше мислите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го запали и малото газјениче, кое многу ретко, во исклучителни случаи се палеше, зашто инаку и немаше потреба, ја стави крај огништето и сета расположлива борина, која служеше за потпалување, а и за осветлување кога по темница требаше да се појде надвор, до стреата или до плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Акиноските, стриковците и братучедите Максимови, кои дотогаш и не ја напуштаа Потковицата, освен во исклучителни случаи, кога одеа да закопаат некого свој во Битола, или кога одеа во Прилеп или во Битола да оженат или да омажат своја челад, преку Прилеп, Битола и Солун,се раштркаа, во Софија, во Цариград, во Русија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Дозволете да забележам, ваша светост, кај суптилните природи постои исклучителна нишка, дури женска би рекол. Секако под наводници.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Франција, со голема возбуда и со восхит го откри Луан Старова, исклучителниот романсиер, тешко сведлив на рангирања но, сепак, извонредно ситуиран во балканскиот свет успевајќи, низ својата поетска визија, да ни предочи силни искуства.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Актуелноста на овој исклучителен уметник последните години и месеци е проследена и со неколку книги и неколку значајни изложби кои го прикажуваат Гринавеј во уште покомплексна светлина. 34 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Јазикот на теоријата на информации исто така често се применува на билошки системи. Rychlack прави особено чудна грешка во своето инсистирање дека компјутерите се ограничени на она што тој го нарекува Булова логика, којашто тој ја карактеризира со користење на исклучителната (екслузивна) дисјункција.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Погледнете ги куките на грабливците, тие смртоносни чешли кои целото тело на животното го претвораат во челуст, или осамените и масивни нокти на коњот, чија концизност сведочи за исклучителната но усовршена намена на трчањето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Пред сѐ, треба да се знае дека за артифексот значењето на vas симболот во алхемијата било со исклучителна важност. Vas hermeticum бил значаен колку и prima materia.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ова чувство на премин - да се биде помеѓу состојби и оттука во самиот процес - посебно е очигледно за Бојсовото исклучително чувство за површина или текстура, различните „допири“ што ги поседува материјалот -мек или тврд, флуидно мазен или рапаво груб.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имаме, значи, искучителна шанса, каква што досега во историјата не сме имале.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во отворената дневна соба се наоѓаат трофеи што потсетуваат на приказната за неговиот исклучителен живот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Така дојдов до следните класификации: употреба на халуциногени растенија: постапки и формули кои се користат во магијата; стекнување и ракување со предмети кои поседуваат исклучителна моќ; употреба на лековити билки; песни и легенди.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Некој си другар Видерс, истакнат член на Внатрешната партија, бил посебно пофален и одликуван со Орден за исклучителни заслуги од втор ред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој веруваше во принципите на Ангсоц, го обожуваше Големиот Брат, им се радуваше на победите, ги мразеше еретиците, не само искрено, туку и со еден вид неспокоен фанатизам, една исклучителна информираност, на која обичните членови на Партијата не ѝ беа ни близу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И затоа си реши да не се меша премногу во работи што беа во исклучителен домен на Партијата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Партијата му укажа исклучителна доверба на својот докажан првоборец не заборавајќи ги и неговите стручни квалитети.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Повеќе