исечок м.

исечок (м.)

Totus mundus agit histrionem – магијата на младешките сништа, играрии, вилински карневали, на мангупски царчиња и шумски духови, на слаткото травеститетво, кога вљубеноста е Атлас, но атлас кој и покрај силата е незапирливо нежен, а светот на новите облици заличува на нестварниот свет од бајката, низ кој талкаме полни со духовна и физичка кондиција и приемчивост – и сега во овие исечоци, во оваа шкрта милост на сеќавањето, поттикот е еднакво жив.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Меѓу прстите на О'Брајан се појави еден долгнавест исечок од весник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон се почешка нежно по носот со еден новински исечок.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Еве“, рече, „овде се дел од тие документи - хроники, исечоци, белешки, патописи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Стануваше збор за исечок од „Цариградски весник“ од 1873, за допис под кој беше потпишан Димитрија Боте, учител.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Сево што го разгледавме да се објави во новата рубрика - СЕКОЈА ПЛАНИНА - СВОЈА ТЕЖИНА - се разбира, во скратена форма, а исечокот од „Колибри“, целосно да се истакне“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Го имам предвид и тоа“, рече Владе, „но меѓу хрониките најдов еден исечок од грчки весник што излегувал во Цариград.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Туа – мешајќи го костурскиот говор со македонскиот литературен јазик - од купчето оддели неколку исечоци од весници – пиши како ние тој ден дадовме заклетва дека нема да си го зборуваме нашиот јазик.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
1. На мојата работна маса цел куп книги и фасцикли со исечоци од списанија и весници, извадоци од архивски документи и од објавени мемоари на политички и воени челници од двете завојувани страни во граѓанската војна во Грција, селектирани белешки од фалбаџиски топорења, измислувања, лаги и кодошења и во одделни коверти белешки од обични, простосрдечни раскажувања на живи учесници и сведоци во кои се сочувани најавтентични доживувања од времето кое како лишај и лош сон е залепено и врежано во нивните и наши спомени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ја издува прашината, со растреперени прсти ја одврза врвцата и на маса почна да реди пожолтени исечоци од весници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи