исав м.
исав прил.

исав (м.)

А бре тија не знајат за исав, бре!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Белким и во него има нешто душа и исав.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој продавачот многу крадеше од продавницата. Без исав, и затоа кога ми дојде мене еден од тие агентите да ме праша да не знам нешто за таа кражба, јас веднаш му реков оти што Коле ги украде и некој друг.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Што велите вие? - Што ќе велиме ние, да те изеји, многу арно ќе стори, за и ние од таков скржав стопан да куртулисаме, чунки у тебе исав немат, ни во мавање со стапо ќе се сториш мукает да се објагниме полесно.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа го ислуша воло овчаро, се позамисли малце и му рече: - Доколку што ми ваќа умо мој, овчарко, ќе ве пресудам, ама ат'р да не ти остани: вие луѓето ич чоештина немате, у вас милос нема, ни на ѕвероите, ни на гадоите; исав у вас нема.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Влегувам во канцеларијата и при тоа го извршувам сето она рутинско „добро утро”: ги палам светлата, разгледувам дали има пропуштено повици, си подготвувам кафе (со малку грижа на совест поради типичниот македонски почеток на работниот ден), а потоа со часови се нурнувам во компјутерот и се препуштам на долго, бескрупулозно, бескорисно, безидејно, безпотребно, без исав сурфање на интернет, кое во последнава година само ми го доослабна и онака слабиот вид.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)