инфраструктурен прид.

инфраструктурен (прид.)

Всушност, внатре инфраструктурните правила на посакуваната поетика, нараторот ги пополнува `рбетите со контекстуални знаци и ознаки. Како и со знаци за засебните значења.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Нека ги подучува нашите инженери Во подоцнежните работни средби во Тунис, по овој сигнал на претседателот Бургиба, Љубен Христов и неговата Хидротехника добија работа, се разбира на нов тендер, во висина од осум милиони долари за изведување на инфраструктурни објекти околу најновата брана на која работеше италјанската фирма, добитник на тендерот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во ликвидационата маса на водостопанството над кое се води постапка за ликвидација не влегуваат инфраструктурните системи и придружните објекти кои се во функција на вршењето на дејноста определена со овој закон (чл. 115, ЗВ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)