интернат м.
интерен прид.

интернат (м.)

Првиот пролетен ден, слободни за неколку часа од интернатска суровост, тие го користат, фатени еден за друг со раце се кикотат вака, без некоја смисла, само за тоа дека им е добро а нешто во нив шири крилја, и сите лесни како птици летаат во просторот од вода, сонце и ситен влажен песок.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја стега и не ја пушта ни на попатните станици каде што автобусот запира за одмор, а не ја пушти ни кога стигнаа во Скопје, ни кога врвеа по улиците, ни кога дојдоа во интернатот; ја држеше и во канцеларијата на управникот на интернатот каде што татко му го внесе да го пријави.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
По еден месец ѝ се јави од Италија. Ѝ пишуваше дека е здрав и жив и дека со некој си другар што биле порано во интернатот, ја минал кришум границата и дека сега се наоѓа во привремен логор, во кој ќе помине извесно време, а потоа ќе замине за Америка.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дојде есента и денот кога мораше да замине за Скопје каде што Мил го запиша и му обезбеди место во интернатот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Парискиот интернат за мене беше мошне болно искуство, мошне тешко го поднесував.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Било што Еднаш одамна додека (ако било така) спиев во интернатот сонував дека имам во црна кутија совршен алат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
После и в затвор заедно лежеле онаму горе кај Црни мост, во истата зграда што беше интернат и во која после тие двајцата лежеа в затвор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во истата соба во која спиел Војне додека, како ученик во битолската гимназија, бил во интернатот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
3. Грдан беше домско дете. Откако памети за себе живеел по домови за сираци, по училишни интернати и по студентски бараки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Уште од скалите го удри интернатската миризба на ходникот - лимени кофи, мокри крпи, вечерни дежурства и цвикнати догорчиња.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Па сепак, интернатскиот режим во студентскиот дом, окапувањето врз скриптите во семинарската библиотека, сојузната збирштина на сургунски сурати, безвкусниот штирак на мензашки порции, престолничките погледи на беспоговорните професори, свитканите плешки на провинциските безименковци, уситнувањето на младешките идеали со осминка здрвен бурек - сето тоа не беше лошо, барем за кратко, да се одмени ако не да се замени со познатото до здодевност лето во родниот град, со утринските прошетки по излитениот грагор на изодените патеки во паркот, со пладневното цапање по боси табани врз врелата песок на дивите плажи, со врвуличавото вртење по бескрајната лента на вечерното корзо, со срамежливите испраќања на новите симпатии по непознатите сокаци, со повремените кошкања на парталавата топка во маалската полјанка - и воопшто, по сите тие неизбришливи слики, што ги носиш како драг товар од детството а не знаеш што ќе остане од нив кога ќе стапнеш во животот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Инаку, управата гледаше да го задоволи интернатскиот народ повеќе со својата демократичност отколку со прибавување на земни блага: таа не водеше никаква сметка за куќниот ред, не поставуваше никакви ограниченија нити во однос на врските со надворешниот свет, така што и водот „Елен” се движеше по свое наоѓање - кога сакаше и каде сакаше, само ако дозволуваат атмосферските услови.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На некого му расцветал лактот, на некого панталоните, некој е целиот засален, а општиот наш парталав изглед покажуваше дека пред интернатската управа стои за решавање еден комплексен проблем на преоблекување и преобување, во кој моите чевли се вклучуваат само како ситна подробност, а тоа, се разбира, како и секогаш во такви случаи, ја усложнуваше работата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Бев петокласник, „питомец“ во еден државен интернат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Јас бев во интернат, а брат ми Пане во дом.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ние, девојчињата на 14-15 години кои бевме во интернатот, почнавме да ја шириме македонштината.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мајка ми која го преживеа крлежот во увото во планинско село во минатиот век и пукнување на слепо црево во интернат во туѓина каде што ја идентификувале со плочка со бројче околу вратот далеку од дома и од родителите, почина на клиниката која е на десетина метри од моето работно место во истиот момент додека на брифингот се фалевме колку се успешни реформите во здравството.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој беше сместен во интернат во АНН Арбор, студентски град во близина на Детроит.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Јас никогаш не го видов тој нивен интернат.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)