инкасатор м.

инкасатор (м.)

Поради него голтавме на криво, ги мазнувавме сите „ручеци“ , го збрзнувавме купувањето, кривулевме како болви низ квартовите на Париз, од плоштадот Мобер до Етоал, во паника да не бидеме продадени, во стравот од крајниот рок, од инкасаторот, прогонетоста од даноците...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Горда го пропушти, како инкасатор што дошол да чита струјомер, и тргна по него без збор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога ќе си го здогледал инкасаторот – ти се мрзнела крвта.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Вака беше третиран како обичен инкасатор кој дошол да го види водомерот и да наплати вода, а притоа го затекнал домаќинот и домаќинката, онака разгаќени, неподготвени за неочекуваниот посетител.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)