империјализам м.

империјализам (м.)

Некако, како од длабина, се слушаа извици на демонстранти кои бараа да се прекине војната во Виетнам, извикуваа против амерканскиот империјализам, против Никсон кого го споредуваа со Хитлера и го наречуваа убиец на светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А само некоја недела пред тоа ми ги даде брошурите ,Тито и Ранковиќ, банда на империјализмот" и ,Југославија и нејзината реакционерна улога во светот".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Југославија, службено, е сѐ уште слуга на империјализмот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Меѓутоа, оваа револуција се случи мошне доцна, зашто западните империјализми веќе започнаа да ја распарчуваат Отоманската империја, како и вирулентниот грчки, српски и бугарски национализам кои ја предизвикаа Балканската војна, во 1912 година.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овие два става, од кои првиот воспоставува хиерархиски однос во кој ИЈ ја игра улогата на феудалец- врховен господар барајќи безусловна лојалност од преведувачот, а вториот воспоставува хиерархиски однос во кој преведувачот е ослободен од било каква одговорност кон инфериорната култура на ИЈ од текстот, коегзистираат паралелно со зацврстувањето на колонијалниот империјализам во деветнаесеттиот век.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таквата политика беше шаблон уште од деновите на модерниот европски империјализам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Директорот на домашниот театар, сметајќи дека нашиот молк, значи и одобрување, охрабрен продолжи: - Голем е придонесот на генералисимус Сталин во ослободувањето на Европа од фашизмот по цена на милионски жртви, но неговата уште поголема заслуга е во триумфот на комунизмот над капитализмот и империјализмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Турците му предложија, наместо да му ги отстапат посмртните останки на Ханибал, на истото место да се изгради голем мавзолеј, кој би сведочел против римскиот империјализам, но во исто време би бил паметник на турско-туниското пријателство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Армијата е нација во нацијата: таа е порок на нашето време !, запрев на една мисла на Вињи, кога високиот офицер со босанско, муслиманско презиме на иќ задоволно го завршуваше предавањето, покажувајќи ја моќта на нашата одбранбена стратегија и немоќта на западниот империјализам да нѐ загрози преку Јадранското Море!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Марјанти одеше од група до група и, бодрејќи нѐ, велеше дека на овој начин ѝ помагаме на народната власт и се бориме против англоамерикснакскиот империјализам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зошто? Така сакаше Марјанти... која постојано велеше дека неа од борбениот строј ја откина генералот Маркос и ја прати тука, во Драч нас да нѐ чува, да не учи како да ја сакаме борбата и брзо да растеме за да го продолжиме делото на нашите татковци и браќа кои храбро се борат против англо-американскиот империјализам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На нивно место нѐ сместија нас, борците против англо-американскиот империјализам, борците за слобода и демократија сместени во бараки за јапонските заробеници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ова разграничување, според Чубриловиќ, би можело да се реализира не преку плебисцит, туку преку ‘историски фактори’, што значи дека сегашните чувства и националните движења ќе бидат игнорирани и заменети со историски аспирации (кои во многу примери се оправдувани со чистиот империјализам)“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со еден збор ќе одморам во потта и крвта што ги пролеав во борбата против англоамериканскиот империјализам и домашните предавници, во борбата, велам, за народната слобода и светската пролетерска револуција. Токму како што рече другарот Захаријадис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- А кој ќе работи? - Сус, бре! Зарем затоа акаме по планините и се бориме против империјализмот, за да работиме?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се чита овде жестока критика и на денешната глобализација, како и империјализмот на јазиците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Денес, чупи, нема да зборвам - продолжи Вера на својот костурски говор - за борбата шо ја воде наште братја против англоамериканцкио империјализам и нимнио домашен, атински лакеј.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)