иманентен прид.

иманентен (прид.)

Иманентната“ критика на старата парадигма е релативно неефективна.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Со тоа модерното општество го продолжува тоа чувство на зависност до возрасното доба, се појавува кај луѓето кои во други околности би морале секако да ги ограничат своите слободи во своите лични области - ограничувања што се иманентни на самата човекова положба - со развивањето на своите раководни и деловни компетенции, со развивањето на скалесто поставените нарцистички состојби.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Филмот никогаш нема да го има тоа доживување на сурова, иманентна присутност, тој вид на „насилство”, катарза, страв или едноставно мирис, кој што го има театарот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мојот ангажман на планот на андерграунд- идеологијата е хроничарски (од аспект на интелектуалец) и иманентно продуктивен од аспект на емпиричар.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Меѓутоа, штом се посочи варварството, посебната задача на меморијата е да се бори против заборавот на жртвите имајќи свои иманентни и природни начини на одржување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Негде на пресечната точка на тие два исказа треба да се бара тајната и противречна иманентна поетика на нашиот автор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Стравот“ од песната му е иманентен на процесот на нејзиното создавање.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Имено, во етимологијата на зборот Естуар (лат. Aestuarium), се содржат неколкуте значења кои фрапантно конгруираат со поетичките генералии на оваа книга: ...морска бара, лагуна или утока на големата река, а од друга страна Естуација – бранување на морето проследено со морски пени, кое во поетскиот (фигуративен) говор би било рамно на бурните страсти, немири и емотивни вриежи од кои се формираат поетските слики иманентни на романтичарско – симболистичкиот дискурс...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Во нивните програмски активности, развојот на кино културата им беше од иманентно значење.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Заземајќи ги, при што иронично ги редефинира, општествените улоги и значења што традиционално им се припишуваат на жените, машката геј-култура дава една својствена, иманентна општествена критика и создава карактеристичен, но препознатлив, облик на политички отпор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)