изоди св.

изоди (св.)

Пред се тоа Силјан си патувал со голема надеж да најде некоја трага и до кај пладне го изодил угорното, та се качил на планината и кога се опулил натамо, видел едно поленце опколено со планинки и ридови, прилично како Прилепското.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Здодевно му е - бригадата е овде три дни, тој веќе неколкупати ја чистел пушката, го изодел селото надолж и нашир, со окцето шашливо ги измерил сите девојки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тешко поминуваа тие два дена. Пустина што не може да се изоди.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не ќе ја изоди... Избегнуваше да зборува за она.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не ќе стаса да ја изоди оваа пустош.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога изоде доста пат низ таа шума од огромни дрвја, што мируваа над него, целите бели и забиени со своите стебла во снежната земја и кога беше сигурен дека тука, пред него, во следната долка, се наоѓа најголемата млака, а дирата сето време досега, како стрела право го водеше кон таму, тој знаеше дека сега ќе мора да ја напушти широката патека, по која беше толку лесно да се чекори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мускулите, со кои немаше што да работи, престануваат да му просребруваат, во нив гаснеше онаа маѓија на потребата од напнување, додека стоеше таков, со ноктите вкопани во дланките, со дланките прежилени од своите сопствени нокти и едвај здржувајќи се да не тресне нешто со тупаниците така, за да го здроби со еден замав, едвај задржувајќи се себеси да не истрча низ вратата и да земе да го гази оној снег, да го пробива тој изнаврнат снег, да го изоди сиот сѐ додека здивот не земе да му бие во него како тапан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Помисли уште оти би било редно од овој рид да се врати назад; помисли дека секој умен би се вратил сега, штом она ѕвере можело да изоди толку многу простор, а сепак, не се врати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дедо Иван го изоди својот пат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не ќе се изоди сал нема да го изодиме немиот говор на зелениката нашиот шумен разговор.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Веровит е патот, што го изоди дотука и за вероотстапник него не го бива.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога Јосиф ја изодува пругорнината повеќе од половина, си помислува да слезе и да го подземе и станува, но веднаш потоа, зашто знае дека Јосиф не е дете па тој да може на раце да го пренесе ваму, се премислува и останува да стои најгоре на Зедница на зарамнетото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога на мајка му (која сѐ поосамена, поизгубена исчезнуваше меѓу фотографиите, мебелот) ѝ соопшти дека долниот кат од куќата ќе го преуреди во Гостилница, веќе одамна го имаше изодено својот пат.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И по ѕид, по ѕид, изодив два ходника, ја најдов собата од родилките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе изодиме еден ходник и ќе свирнат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го изодуваме камениот мост. Тато, го замислувам во неговите педесетти, побелен, но неначнат од болеста, благо го засилува стисокот на дланката.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа тркало личи повеќе на она од колите кое, така вртејќи се, изодува толку кругови колку што изнесува неговото врталиште....
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Вујко ми, Аламановец инаку, значи роден брат на мајка ми, вртејќи ја главата настрана проломоти Ами ако е за толку! со тоа што по она за толку ништо не додаде, па јас уште еднаш не го изодив патот пеш од центарот до Автокоманда.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Рамница што очите со денови не можат да ја изодат, лебот на нивите расте готов во сомуни, а ние по умот на дедото Костадин!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Беше изодел неколку километри по тротоарите и натечената вена на ногата му пулсираше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе