изнесе св.

изнесе (св.)

Токму тоа го изнесе на видело македонскиот „национален сепаратизам”, од кое после произлезе и образувањето на „Комитетот за придобивање на политичките права на Македонија дадени од Берлинскиот договор“ во Солун (1893) што прерасна во моќната ТМОРО.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А таа, сиромашката, ако ја остави, откако ја изнесе на глас... Ќе си остане за век неомажена...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Во истото време двајца Арнаути го дигаат Илија и го изнесуваат, а останатите ги навртуваат пушките да стрелаат по Ристаќија, но ги спречува излегувањето на Антица и за тоа пукаат нагоре)..
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Горе, внуче, наполни го пералникот вино, ќе плати поп Петко! — запален викна Пере, а Ѓоре го изнесе спремнатиот пералник со вино.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Никој нема да рече оти од немање, завал, не изнесоа тепциа на синиата, токо ќе речат: „море таа болката Стојова ќе а волеса ни за в телци ни за в говеда, та не направила".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си дојдоа дома. Невестата Митра лицемерно се израдува оти се свршила работата, му изнесе на Илка нови алишта, капа, чевли, нова гуна и сакма од конец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А ако му ги изнесам на дланка ситните срчи на својот сон?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа ќе дојдат со замисленост на лажни лингвисти да ме изнесат покриен со чаршаф а од просектурата, играјќи си со секакви ножици, пилички и скалпери, ќе соопштат дека се случило без нивна вина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Секој ден изнесуваше сѐ појаки аргументи: млекото, месото, јајцата, овошјето, па уште ладна вода, пиво, сладолед...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
НЕДА: (Ја испраќа, потоа забрзано ги изнесува филџаните од кафето.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој ме чу, дојде и ме сметна. Ми ги затвори очите да не гледам и ме изнесе од дворот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој се насмевна и рече да ме изнесат пред колибата. И ми ја покажа муграта.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Важно, тој ги изнесе своите доводи и тоа донекаде го оправдува неговото молчаливо согласување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Четвртиот веќе се наполни, - вели тој, - утре да фатиме кола да ги изнесе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги изнесуваше имињата на учесниците, нивната улога во оваа возбудлива драма (како што веќе ја наречуваа во странските весници).
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тале го изнесе Дорча. Од едната страна на самарот му го обесија празното тенеќе од млекото, а од другата торбичето, во кое беше шишето со бензин.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Набргу, на дваесетина метри од брегот, тие го прифатија давеникот и одејќи кон плиткото, го изнесоа на брегот. Беше жив.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ги носеше на купче, а потоа ги ставаше в кофа и ги изнесуваше од дворот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Требаше да се смете внатре во колибата, да се средат расфрланите работи, да се донесе вода, да се измијат паниците, лажиците, требаше да се истресат и чергите, кои дедо му од есента сигурно не ги имаше изнесено надвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Денко зборуваше мирно, обично, како да раскажува нешто сосем неважно, а за Бојана секој податок што онака, површно ќе го изнесеше Денко, беше необично интересен: ... „има над триесет училишта... живее на другиот крај од градот...“ повторуваше Бојан во себе и се обидуваше да си создаде претстава за тој огромен град, сиот исполнет со училишта и ученици, со татковци, мајки, доктори, инженери, лекари...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе