изненадно прил.
изненаден прид.

изненадно (прил.)

Третиот едвај да го задржи количето пред самата штица, како коњ кога се запира пред изненадно искрсната пропаст.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сечејќи една чворлива штица некако наеднаш и изненадно му се скрши пилата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Да сакам - проговори изненадно светлокосиот - јас би те избркал одовде.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Истата вечер Луман, изненадно, дојде кај деда Бошка. Влезе смешкајќи се.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ова што требаше да се случи сега искрсна така изненадно што го растрепери.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Таму нешто ја привлекува. Наеднаш, оживеана од изненадно чувство, таа се свртува кон Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)