изненадено прил.
изненаден прид.

изненадено (прил.)

Белич го погледа изненадено.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Ајде да играме мрсен Петко, - им рече таа на децата и изненадено се сврте, го допре со рака Мартина и спрсна да бега.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кловнот се врти и изненадено гледа во лилјачките уши, во стаклените очи, во боксерски смачканиот нос.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Знам, вие не сте Наполеон. Вие сте лекар. Мобилизација во името на кралот и татковината.“ „Лекар, точно“, рече изненадено.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Жената изненадено се тргна. Со години не ја споменал протиница.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој не стигна да ја задржи. Ја гледаше збунето, изненадено.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа уште веднаш, како изненадено, се обиде да се врати назад, да избега во снегот, но тој веќе ја имаше затворено вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ти си дошол! - изненадено одговори мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Мајка му, преврзана со црна шамија, истрча надвор и изненадено праша: - Втаса ли, мој мајкин домаќин?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Луѓето се собраа и гледаа изненадено. Еден од војниците го прашуваше нешто, но Славчо молчеше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ме гледа чудно и изненадено.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но конецот го стегна за шијата и го штрекна изненадено.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Татко ми се викаше Тане. - Ти си од Танета? Оној што загина во Белград? - изненадено праша чичко Тале.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Изненадено рече: - Кафе! - Пробај да видиш, - сега веќе заинтересирано рече Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Иринка ги отвори очите. Чудно гледаше. Како првпат да гледа: збунето, изненадено, уплашено, радосно... Сѐ наеднаш!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Уште една петка, - мајка ѝ ги рашири рацете, божем изненадено, и ја прегрна.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Некои, завали, се отимаат, се бранат, се драскаат и изненадено гледаат во луѓето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа ме погледна прашално и изненадено, па „запеа“: - Кој си ти, досега никогаш не сум те забележал?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мајка ми ме погледна изненадено и се насмевна: - А, за тоа не ми кажуваш, мангуп еден, криеш од мене, а?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Штом нѐ здогледа, мајка ми на половина ја прекина реченицата што ја изговараше: - Уште не спиете? - праша изненадено.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе