изнајде св.

изнајде (св.)

Така беше многу години. После се јави Паламид, што почна од алфавита и им изнајде на Грците само 16 букви.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
А после Симонид изнајде и додаде уште две букви, писателот Епихариј изнајде три букви и се собраа 24 букви.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
По многу години Дионисиј Граматик изнајде шест двогласки, после друг пет, и друг три за броевите.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Ако религиозните и националните пропаганди не посакаат да го воведат нашиот јазик во своите училишта, се разбира дека само таму каде што живеат Словени, и ако им забрануваат на своите учители и попови да другаруваат со македонската интелигенција и општество од другите пропаганди, тогаш македонската интелигенција и народот, без разлика на пропагандите, треба да изнајдат пат со којшто ќе може да се казни таа пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Подмолно ме гледа низ светкавите клепки. Се обидува да изнајде што ѝ готвам. Сѐ уште се шегувам, тоа ме разонодува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Застана и изнајде: коренот на злото секогаш храни црн стеблак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Уште во детството, имаше малку луѓе во селото, што беа останати живи за да го паметуваат тоа, заминал Језекил првопратено на туѓина со некоја тајфа, сонувајќи и тој, како и сите други мажи во селото, со својата детска главичка, дека во тој свет, што пукнал пред него под пролетното небо, ќе изнајде и за себе нешто што ќе му биде доста за да го израдува и за да го прерани, дека ќе успее да сработи со своите вредни рачички за себе и за своите дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А кога дојде до нив, можеше бргу да го изнајде местото што ќе му биде најпогодно за демнење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не можеше да изнајде ни една трунка глас, за да им рече дека е добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чекаме... Ништо не трепери. Неколку нови сонца кружат За да нѐ изнајдат.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
„Поетот се посветува и изгорува во тоа да изнајде јазик во јазикот“, вели Пол Валери.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Рута што те изнајде во сонот и те одведе во одаите со вино и те покри со знаме љубовно и те скри меѓу две воздишки на детето во сонот, те скри во гревот што го суши срцето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Расположено по страните на длабоките кањони на реката Јантра, по бреговите распослани на острите северни падини на Стара Планина, Трново не дозволува да се изнајде точка од каде што ќе се зајазило Трново, делумно и скржаво ги откриваат неговите необични убавини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сигурно долго време му требало на Кејтеновиот син за да ме изнајде меѓу стрижените глувци.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но од тоа немаше потреба, Руса сама изнајде начин како да се заштити и себеси и сите христијани во Потковицата, се прогласи за маѓосничка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Решија, одејќи по брегот на блатото, да изнајдат газило и да прејдат на другата страна; најпрвин, ако стигнат, да ги уловат коњите, потоа да бараат, да го пребараат сето поле и да го фатат жив Владимира.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вака, со бомбата, изнашле начин како да се ослободат од тројцата наеднаш, но мажите и сите жители на Потковицата отворено се побунија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Подмолно ме гледа низ светкавите клепки. Се обидува да изнајде што ѝ готвам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И така, селаните од Кукулино, по душа и безбожници и многубошци, изнашле дека со една воденица, сеедно на кој дел од Давидица, Али-бег и неговите луѓе лесно ќе се расправат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И би изнашол, би нашол! Макар само и таа, што животот би ти станал токму двојно поевтин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Повеќе