измислица ж.

измислица (ж.)

Долгнавест муаџир со бербатна чалма несмасно навиткана, длабоко изгравиран со дебели нечисти брчки и со очи толку вдлабени во главата, та личеа на дупки во коишто одвреме-навреме проблеснуваа само белките, со лице исушено, глуждесто и аглесто, пушташе необични лаги, та оние што се тискаа околу него самодоверливо потврдуваа со главите или со поглед, верувајќи или сакајќи да веруваат во тоа што беше само убава измислица и мечта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А и на многу други настани, за кои знаеја и помлади луѓе, како што бил пожарот на некоја Ѓурова колиба, кога изгорело целото стадо па стопанот умрел од мака, па некоја зима кога волците направиле пустош по колибите, кога многу стада биле преполовени или сосем уништени, па нивните стопани ја напуштиле планината и никогаш веќе не го обновиле колибарството, - сето тоа и многу други случки, раскажувани по многу години звучеа како сказни, како измислици.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тогаш сите мои глупави измислици ќе бидат смешни.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Каква потреба ќе има жената да ме пресретнува нарочно мене. Мои измислици.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Проклет да бидам, каков убав сон беше Големата вода, - секогаш верував во измислици.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но таму тој се наоѓа против својата волја, таму го завлечкала до болест израснатата фантазија, ужасот од наближувачката средба со Барбашин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Користете се со нив, јас знам дека многу Французи ќе завидуваат затоа што други го напишаа она, што тие усно го изучија, но јас не сум себичен и отворено си признавам дека овие прекрасни правила не се моја измислица, ние им ги должиме нив на оние Французи, кои, завршувајќи го својот курс по филозофија, дојдоа кај нас да ни држат часови. okno.mk 123
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Веќе сум свикнал жителите на Пупифанија да ги сметаат моите доживувања за измислици.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Освен тоа, како да го пратите в гроб човекот чијшто живот беше измислица на неговата сопствена литература, слово на неговиот сопствен дух?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Веќе и самиот буден, врескавиот глас се почувствува понижен од навредите на братот близнак, од неговата измислица.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Без оглед на тоа дали објект-јазикот не е ништо повеќе од здраворазумска измислица, важно е да се нагласи дека квалитативниот дуализам на настаните, самиот по себе, не го повлекува со себе дуализмот меѓу стварите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Обични измислици, книжевни фантазии, конструкции, обични конструкции.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дури и како обична измислица, таа претставува симптом на конституциско пореметување внатре во самата хрватска интелектуалност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Најдобро беше да состави чиста измислица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можно беше дека буквално секој збор во историските книги, дури и работите што се прифаќаа без поговор, се чиста измислица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Не е измислица, постои. Ние ја викаме Братство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Каква врска може да има тоа формално прашање со забременувањето? Чисти измислици! Но, сепак се воздржа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сказанијата измислици се, за разлика од собитијата, кои верно се случиле и верно треба да се преподадат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас го погледнав стрештено, оти првпат бев чул некој друг освен мене да верува во такви сказанија и измислици како што се минати и идни животи овде, на земјава, пред да се упокоиме засекогаш во царството вечно Негово, во станот небесен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А кога слушнале отците што ме нашле дека дете половингодишно знае најразчични собитија да преподава, и дека тие собитија корен немаат во стварноста, туку се дрво во воздух, измислица чиста, ме нарекле Сказник.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе