измине св.

измине (св.)

„Драги Илија, измина еден месец откако се венчавме и си отиде, но за мене како да измина цела година.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Поминувајќи покрај него, Мече го погледна ѓаволесто и замавна како да ќе го удри со лакт во слабини, а кога тој уплашено се изви на страна, Мече се исмеа слатко и потрча по Белича, кој што беше изминал подалеку по патот за бригадниот логор.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Така изминаа месеци и години и Бојана чувствуваше дека старее, опаѓа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не измина ни шест часа од разговорот со татко му, а тој пројури на својот облеан во пот и пена коњ низ Челница, главниот влез на старата охридска тврдина.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја изминаа масата, се приближија кон шаторот, заодија натаму па зад шаторот и од другата страна одоколу додека не се најдоа пак кај масата. Ни жива душа не најдоа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Неколку дена спокојно изминаа, не донесувајќи ништо ново, ништо надвор од обичните секојдневности.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Откако изминавме неколку улици Марина се запре пред една барака и ние со неа влеговме внатре. Баба ѝ нѐ пресретна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Нејзиното време, кога како заздравена требало да се јави на работа, одамна изминало.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Треба подолго време додека со автомобил се измине овој чуден, необичен „оранжериски град“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓу 42 автомобили, кои учествуваа на оваа необична парада, се наоѓаше и еден „Мерцедес“ од 1907 година, доајен меѓу ветераните, кој за шест децении изминал над еден милион километри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ноќта изминува, а Капинка се бапка, се тепа, ја удира главата на перница. Ја дроби сламата во перницата, излегуваат осилки и прашина околу главата нејзина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го врзав Чако и колку да ја изминам воденицата, чув како тропа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ајде, велам јас, и одиме, излегуваме нагоре. Ја изминуваме Горна Црква, се растргуваме со добиците. 200
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бргу-бргу изминало по патот, здраво и живо. Каде одело, што одело, не знаеле, не го прашале.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Годините што изминаа длабоко го врежаа во прстот на Крстовица прстенот што секогаш остана чист.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Само четиринаесет дена изминаа отакко главните на сојовите од Потковицата го потпишаа писмото со кое од султанот бараат да им издаде одобрение за ѕидање црква, општина и училиште, ѝ само седум дена откако му го предадоа на Мустафа ефенди, прилепскиот кајмакам, за тој преку Битола и Солун да го препрати таму, во Стамбола, но и едниот и другиот ден, оној во кој го потпишаа писмото, неделата на Свети 40 Маченици, и оној во кој го предадоа, првата сабота по Свети 40 Маченици, заедно со писмото и заедно со надежите, желбите и намерите содржани во него, никој не ги ни споменува во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Излегуваме надвор, ги изминуваме рибарниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овде ќе размислува за патот што го изминал во својот живот, овде, без сведоци, ќе се растажи. не сум јас она што бев, мислеше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нè водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нè водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се поревам меѓу бараките, куц, куц, ја изминувам фурната и амбулантата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе