излепи св.

излепи (св.)

Од исток во широчината безизразно гледаат со матни, напукнати или со весник излепени прозорци, низа збиени и од земја никнати куќарки; на запад - гнил, накривен плот зад кој се наѕира темно- црвен оџак; од југ - слеп ѕид на него чуден цртеж со креда; голем круг со две дебели бели точки, под нив водорамна црта.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Беше тоа еден од оние големите волци, во расцутот на своите сили, колку едно јунче; неговото влакно, речиси тврдо, како кај ежовите, сега линееше од гладот и остануваше по снегот во излепени прамења, како од мрша.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Геле се врти кон чичко Лозан и нешто се жали: - За малку ќе се скаравме синоќа со Калча: не ме оставаше да ги излепиме сите летоци.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Правилата беа излепени со слики од секакви кучиња: пудлици, булдоци, добермани, јазовичари, волчјаци, териери, сетери, птичари, боксери и др.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Подобро се сеќаваше на ненормалните неспокојни околности од тоа време: на повремените тревоги поради воздушните напади и на криењето во ходниците на подземната железница, на купиштата урнатини на сите страни, на неразбирливите прогласи излепени по уличните агли, на бандите млади луѓе сите во кошули со иста боја, на огромните редици пред фурните, на повремените престрелки со автоматски пушки во далечината - над сѐ, на фактот дека никогаш немаше доволно храна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Долу на улицата мали вители од ветер тркалаа прав и искината хартија во спирали и иако сонцето светеше, а небото беше јасно сино, изгледаше како во ништо да нема боја освен во постерите што беа излепени насекаде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постерот беше излепен на секое празно место по ѕидовите, надминувајќи ги по бројност дури и портретите на Големиот Брат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)