излежува несв.

излежува (несв.)

И овој пат мајка му го остава да се излежува. Ване си мисли дека таа му верува!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Французите многу се излежувале, имале таму направено бањи, добивале неограничен број цигари, а какаото им било како вода.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога заврши пиењето, кога заврши ракијата, селото се смири, започнаа луѓето да спијат со денови, со ноќи, да се излежуваат под сенките на дрвјата како некој да им гмечел на снагата или како лоша треска да ги тресела.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И таму еден човек. Еден во вратот како бик, со едни ножишта како клади, зараснат во катран црна брада, се излежува во мојот мртовечки сандак што не бил сандак туку бил мојата смртна постела.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се излежував на Хаваите, нишкајќи се тивко под чадор кој ме криеше од топлото сонце.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Додека тој се излежуваше, размислувајќи за своите благодати, во дворот срамежливо потскокнуваа мали кафеави зајачиња; ќе го одминеше јато синкави еребици со бели шарки на главата, во еден ред, прелетувајќи дваесет јарди; по некој клукајдрвец во лов на тарантули, ќе скокнеше над оградата и ќе го поздравеше со мавтање на долгата опашка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Рада, која трета ноќ по ред не затвори очи, не беше оставена да се излежува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Потем сал туку се излежуваше по дома, си остана младоженец без невеста, едно време се пушти глас дека станал акробат и ноќум одел по жица како месечар, филистејците се такви, на спасителите им подаруваат осаменост, им го нудат и кошмарот на заминувањето од родната грутка – барем сега не се талка со месеци по морињата до Австралија и Нов Зеланд, а ако е до пустини и таму има пустини, но децата таму не чуле за прачки, не виделе дренки и шумски малини, децата таму се далдисани во компјутерски игри.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Секое утро станував во девет, јадев со кафе на балконот кој беше прилично голем и имаше еден стар но удобен тросед на кој долго се излежував набљудувајќи го небото и градот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)