излади св.

излади (св.)

Се успокои, па викна дури и запеа. После спокоен, им дозволи на другите да се изладат во бујната Црна, која беше полноводна и пролетва, како есеноска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На многу места по снегот веќе немаше ни капка крв, но затоа пак неколку десетини чекори потаму тој беше целиот натопен од некое густо крваво избликување, и Змејко знаеше дека неговиот пријател напред застанал тука во својата разоденост да си ја излади раната и да здивне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стопати на Зоки му е речено дека супата и не смее сосем да се излади, па потоа да се јаде. А Зоки сѐ ќе рече: - Смее!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Како да му кажам дека го слушнав гласот на Никифор Абазовски. „Зар не можеше да почекаш да се изладам во гробот?“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе го помочаш и ќе го изладиш, велам и трчам кај митралезот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се разбира, треба време зовриеното да се излади, за тогаш да можат да го вкусат овдешните нејаки мисли, за потоа да дојде до целосно општествено провривање.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ги очистија просториите, прибраа дрвца од околу зграда, ги разотворија бовчите и демите, алиштата непроменети во патувањето ги заменија со испрани фустанчиња и фусти и цел ден не му дозволија на ќумбенцето да го излади мешето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Рибарот се излади. За тоа ли го беше викал бегов?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таму, зад карпите од другата страна на планинскиот порој, малечкиот Иво, бојаџијата од Шилиговец, кој беше од почетокот член на групата префрлена зад грбот на непријателот, и речиси веднаш погрдно именуван за шептач на смртта, трипати се влечкаше да ја наполни со вода матарката на Раде за да му го излади челото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Малите оловни војници внимаваа на својот генерал застанати со втренчен поглед, поглед кој не познаваше никого секогаш чекаа загрижени за него и кога тој се враќаше гладен и изладен, искинат и парчосан, накиснат од грижи и безгрижно уморен, иако битката ниту ја беше добил, ниту изгубил зашто неговите победи беа украдени од вечноста, а противниците воздивнуваа дури и пред неговите соништа.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)