изживее св.

изживее (св.)

Негде длабоко во Сашка како да се истркала нешто, што нејасно ја задржуваше, да си ја изживее својата радост до крај, слободно, целосно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Поправо тоа не беше една приказна, тоа беа десетина меѓусебно поврзани, во кои се славеа подвизите на тој планински делија, кој животот си го изживеал во постојана борба со волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но секој обид општеството да се предочи како конзистентен модел нужно е обид кој, за да биде селективен, арбитрарно одредени начини на општествен живот ги прогласува за норма и, според истата логика, сите други феномени ги класификува како ненормални: или како резидуум на минатото кој евентуално ќе ја изживее својата цел и ќе исчезне, или како некакви туѓи елементи кои што мораат да бидат искоренети или маргинализирани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Беше чуден; само се смешкаше и повторуваше дека е можно да се врати човек назад, во минатото, и дека е можно уште еднаш да изживее еден ден кој веќе изминал, пред многу години.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Втаса в затвор! Но кога? Кога го затворија? Кога убаво си ја изживеа својата живеачка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можело, на пример, поради каква да е причина да не дојдат тие двете на изложба, или да дојдат дури откога ќе биде затворена, или да намине само девојчето, во кој случај изненадата полесно ќе се изживееше, зашто немаше да се гледаат меѓу себе ужалани и немошни пред уште една навреда.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Предговор Приказниве прво ги изживеав, па ги раскажував во автобус додека патував.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Посакувам да застанам под твојот прозорец, за да ја слушнам мелодијата на твојата душа, но секогаш кај тебе, таа граница меѓу разумот и срцето.. таму почнува и завршува сѐ... а толку ми е потребно да бидам, по малку луда и насмеана, по малку разиграна и заљубена... по малку дива и полна со живот... потреба да се изживее мигот со тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)