издели св.

издели (св.)

6. Иако реформената програма од февруари 1903 год. што беше донесена со согласност на сите потписнички на Берлинскиот договор, во Македонија беше наречена „Падарски реформи”, треба да се нагласи дека со овој меѓународен акт првпат трите вилаети на Македонија беа изделени од другите области на Европска Турција и беа поставени извесни основи за политичкото индивидуализирање на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога ќе се апстрахира реалниот и конкретен свет, кога ќе се издели тој во празни шеми на логичките категории, и кога овие ќе се пуштаат во еден особен, од Хегел воспоставен логички ред, тогаш навистина развитокот на светот изгледа како развиток на „апсолутниот дух“.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
Додека француските материјалисти го подложија на најбеспоштедна критика сето она што не му одговараше на здравиот човечки разум, прогласувајќи го разумот само за еден составен дел од механички сфатената објективна природа, — Кант со прониклива критика на тој разум дојде до заклучокот дека природата и разумот се две изделени „ствари за себе“ и дека формите на познанието му се дадени на разумот “a priori”.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
И Змејко не еднаш можеше да види, додека шетаа по оние големи дуќани и додека разгледуваа сѐ што имаше таму, како една рака се изделува од нивната китка и посега таму, каде што не ѝ беше местото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но кога во 1913-та српските четници ги исклаа повеќето возрасни од Акиноските, и тие, и Акиноските, за да се заштитат некако, се изделија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лежам така, си ги заделувам мислите, ама кај се спиело кога умот ти е малку потаму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Носот го издели мирисот и се замисли над него, како добар познавач занесен со некое древно, одлежано вино.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Со Земанек нѐ зближи и музиката; и двајцата сакавме џез, и по тоа се изделувавме од другите, кои слушаа лесни новокомпонирани шлагери, фолк и поп.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не му беше срам на сред игра да се издели од децата ако ја заушеше негде во дворот невдоапно да ѝ скокне на половината, да ја счепчи со нозете, со едната рака да ѝ ја раскопча блузата ас со другата да ѝ ја извлече едната цицка голема како фуска и веднаш да почне да смука.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Големите мисионери успеваа да изделат мали оази на надежта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во поранешна Југославија си бевме и припадници на народност, со што се изделувавме од другите државјани, зашто наводно сме си имале и друга, матична татковина со која, за волја на вистината, нѐ делеше една од нај­непреодните и најнеминливите граници во светот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во двете соби, од кои едната продолжуваше во ниша изделена со ламперија, беа сместени неколку ниски тапацирани столчиња и една табуретка, меѓу нив дрвена масичка, креденец со три реда рафтови, шкаф за облека, трпезариска маса со неколку високи столици, како и два железни кревета кои некогаш ги користеле чуварите од фабриката „Металски завод“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Машко друштво “Осамени срца” со седиште на улица “Бојан Мурџев” 26, Припор, број на членови: променлив, возраст: од 50 до 80 години, организационо - според идеите и целите - хомогенизиран состав, но внатре структурно дејствува во три секции реско изделени според возраста (од 50 до 60 години, од 60 до 70 години и од 70 до 80 години).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК