извлечка (св.)
И попот ова го чекаше: да дојде до куќа и така азар сермиичка, та му благодари на Лесната и Младена што ќе му помогнат да се извлечка од калта и да ги прифати и децата и стоката, Речено — сторено.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Толку повеќе што Ѓурлуковци го оставија на цедило и се извлечкаа навреме дури каналите не беа затворени.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тоа спиште колку што можеше, но Ибраим го извлечка надвор и му го предаде на друг сејмен да го отера во друга одаја.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Долгиот реши. Го натера Глигора да застане под самата дупка, се искачи на неговите рамења, се фати за горните рабови од карпата и, виткајќи го змиулесто тенкото тело, се извлечка надвор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Арсо треба да стане човек поинаков, секако поумен и затоа и посреќен од него и можеби и сета фамилија ќе ја извлечка од заглибувачката.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Патрокле брзаше, се измеша со затворениците и поднаведнат, како видра, се извлечка од каушот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Најпосле, неколцина нѐ извлечкаа настрана.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Овој пропука на него, a повеќе се повлекоа лево и десно, та Трајко со еден куршум во десното рамено, но плитко, се извлечка долу долот и куртули.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
7. Во селото Орле кое се наоѓа токму зад онаа висока чука што се вика „Гарван" Толе нарача, како во Чаништа, десет брави и десет фурни леб; за него со другарите пак пет шест кокошки и две тепсии алва и реши да ја проведе оваа ноќ во една одаја со Мише Ќосото, а утре да го однесе јадењето на Маргара и да се збогува со своите не многу сакани гости.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Најпосле се јави и Толе, којшто со внимание ја слушаше препирката: — Оставете и кавгите, џанум, токо гледајте, правете планот и како ќе се извлечкаме одутре одовде, оти Бахтијар може да нѐ намириса, та се пусти гаќи ќе останат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Методија ги дофаќаше предметите, се држеше да не тоне, но не излегуваше, туку мавташе со нозете, напињаше и гледаше да дојде до оглавот на магарето, да го фати, да го извлечка и него; но кога ќе му успееше да го фати за оглавот, матицата на водата ќе го зафатеше да го влечка и тој пак го отпушташе и фаќаше надолу.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Најпосле се проѕевна и се извлечка од војничкиот кревет, ги истресе отпушоците и пепелта од облогата на шлемот и го стави на глава, така што му ги прекри очите.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)