изведба ж.

изведба (ж.)

Хр.Шалдев, кој заради бугарската стипендија се откажа од ова членство и стана верен агент на бугарскиот егзарх, а истовремено упорно и смислено го клеветеше Мисиркова, дури и пред ЦК на ТМОРО во Солун – поради неговиот критички однос спрема изведбата на тие акции.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во изведбата на Атомиумот е вложена фантастична инвентивност.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Геделовата теорема за некомплетноста вели дека ако се тргне од конзистентни аксиоми и ако се применуваат правилата за изведба, тогаш множеството теореми што можат да се изведат ќе биде некомплетно во смисла дека ќе останат вистинити теореми кои не се докажливи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Околу нив жабите ја отпочнаа својата немилосрдна хорска изведба, постепена, им се чинеше - невоедначена како нив, иако заслепени, љубопитно свесни за тоа, малку повеќе отколку свиткувањето на малиот прст, допирот на пивските кригли, заедништвото на Мек Кол - усогласувајќи се себеси во ритам секција на виртуозно дуо за кратки воздишки, извици; тој пуфкајќи повремено од цигарата за време на изведбата, капчето за бејзбол потскокнувајќи безгрижно, таа привикувајќи го нестабилното чувство на заштитеност, никогаш до крај прекршен Пасив; сѐ додека најпосле, попуштајќи под налетите на глупавото крекање на жабите, легнаа не допирајќи се.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сепак ударен во оваа глава е делот насловен Training and Performance, кој се занимава со „проблемот на идеологијата во ситуација на вежбање, обучување и изведба (training and performance), во практичниот силогизам на идеологијата на или во поединецот, или прашањето како идеологијата преку парцијализациите се претвора во чин, делување, акција на поединецот“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој уметник [Wilhelm Frideman Bach], барем што се однесува до познавањето на хармонијата и на способностите за изведба, ги надминува сите музичари што сум ги чул во животот и оние кои можам само да ги замислам, макар што луѓето кои го познавале татко му тврдат дека тој бил уште поголем музичар. Така смета и кралот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во серијата изведби на Мјузикциркусот, Кејџ ги повикуваше сите музичари, композитори и уметници на одредено место и одредено време, заедно со публиката, да го работат она што го сакаат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Актерот или музичарот мораат да си постават одредено ниво на изведба, додека писателот има време за менување на текстот и избирање на она што евентуално ќе го исфрли како свој конечен продукт.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Времето на изведба не било одредено, но Кејџ го одредил пред да го одржи предавањето, понекогаш така што со помош на операциите на случајноста додавал индикации кога во текот на изведувањето требал да запали цигара.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ревитализирањето на Nobel ја истакнува важната дистинкција помеѓу влијание и плагијат, и повторна изведба и оригиналност.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тука, се разбира, не ги вбројувам исклучоците (имаше во циркусот и една жена што можеше, лежејќи на стомак, да се свие во половината и нозете да ги префрли до лицето; често нѐ забавуваше пушејќи во таква поза); но во циркусот имаше и поинаков став кон техниката: најмногу се работеше на техниката при изведување на точките, а при изведбата на точката техниката мораше да се заборави; во спротивно, се плаќаше со живот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Под насловот стоеше моја фотографија од изведбата на точката со Петрунела и љубовникот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На почетокот на работата, кога закопа првпат машината, а потоа и во текот на изградбата, неколкупати доаѓаше и директорот на фирмата, заедно со главниот инженер, заинтересиран изведбите да бидат успешни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Задоволен од пантомимската претстава во изведба на страчката и мачката, авторот си го плати кафето и се упати на адресата на покојниот Едо Бранов.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Својствата на музиката му се спротивставува на календарското време и начин на живеење; сѐ подредува на себеси; од еден и еден прави еден човек; не ја злоупотребува искреноста; ја ублажува сличноста меѓу несреќата и страста; ја збогатува крвната слика на емоциите; луѓето ги дели по слухот; процес е кој трае без оглед на злосторствата исчезнувањата, паѓањата во неа емигрираат немуштиот јазик и душите потребни ѝ се помошни средства луѓе и тишина; се нуди во најразлични изведби; предизвикува природни феномени затемнување на сонцето на љубовта, рамноденица труење со хармонија музиката е без предрасуди не озборува, не осудува избезумува те заведува, те заведува и кога си во нејзини раце те остава сам, со себе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога минувавме покрај Карлтеатарот, видовме дека на големиот плакат поставен пред него беа најавени изведбите на неколку антички трагедии.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Работа на деца помлади од 15 години, на ученици и на студенти. 25 изведби, свирење на музички дувачки инструменти, играорци и оперски солисти (чл. 32, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И така околу шест години, сѐ до моментот кога повеќе, поради здобиената сериозна повреда при работа, не можеше да работи. 197 Имено, при изведба на малтерисувачки работи со Пуц машина за машинско малтерисување на објект во изградба,3 поради неисправност на истата таа машина, тој целосно го изгуби видот на десното око – поради изгореница, а изгуби и 80% од видот на левото око!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во почетокот се слушнаа првите тонови на гудачкиот квартет „Мала ноќна музика“ од Моцарт во изведба на музичарите – членови на симфонискиот оркестар на воениот капелник Дворжак од Скопје.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Свирачот бил толку неталентиран, па со изведбата на композициите ги вознемирувал локалните жители.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе