изброи св.

изброи (св.)

Заедно со добрините за интересите на Македонија, изброени погоре, името Бугарин донесе и негативни резултати за револуционерното „дело”: Името Бугарин и нееднаквите уверувања пред Бугарија и пред Европа за судбината на Македонија по нејзиното ослободување создадоа полна недоверба кон нашето „дело” од страна на европејците, мислејќи го за итрина – не македонска, ами бугарска – за маневар на бугарската влада да се реши македонското прашање поскоро.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Горе изброените бугарски добрини не се направија во полза на самите Македонци, а на интересите на Бугарија во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
III Или пак елате Објалџии опинчари рибари Брсјаци Мијаци Елате По сите ориди и по сите преспи Да тргнеме Да се изброиме Малку ли сме Многу ли сме Ќе правиме царство Да видиме колку векови ќе царуваме Кој ќе ни биде цар Кој Бог И шпиун кој ќе ни биде, Елате Да се изброиме!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ќе го гушнеше до себе мачорот Сурко и ќе му зборуваше: - Кога ќе пораснам, Сурко, ќе научам да бројам многу, многу, па една вечер ќе ги избројам сите ѕвезди. Ќе ги избројам до една...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Дури последната вечер, кога беа блиску до селото, по една недела пат, Башмајсторот го повика онојго крај огнот и пред сите му изброја сѐ, што имаше заработено, а му придаде нешто и од својот ак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Да видиме, - извикаа гостите, - ако умее, тогаш нека ги изброи карамелите што му ги донесовме.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Што не доби! Не може ни да се изброи, ни да се опише!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
СУЛТАНА: Полесно ќе изброеше чии не се. А нашите „интереси” кои се?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Бев во полицијата, велат не ги избројале уапсените, а камо ли да знаат кој е Андреевиќ.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Колку што можев да избројам, зградата веќе го надминуваше педесеттиот кат и ми тврдеа дека ќе биде на педесетипет ката.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Невозможно е да се избројат сите ориенталски специјалитети.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
тој распалил едно ситно: лиду, лиду, лиду, лиду, и ние играме, ама лабаво, ко кал за црепни да газиме, не ти носи душата да играш делнички и со пијани војници од таму си некаде, од мајчина им, не си за никаде, мочано време, и се нишаме небаре треската да не фатила, се правиме тресиопашки, скокаме наситно, а старшијата само ја ситни свирката и тогаш пукна пушка и старшијата ја олабави гајдата таа писна и занеме и во гробиштата влегоа други војници, кај ќе бараме и за овие кокошки, си велиме, и излезе еден поголем од старшијата, со едно кило петлици нареден, и вели: отечеството крвари, а вие играте, и колкумина имате српски војници, прашува, ами колку што забраа Србите, велиме, колку што им требале и броиме на прсти: Насте, Петко, Митре, избројавме дванаесет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- На тој и тој човек, вели Григор, избројани му се дните.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пука аскерот, пукаме ние. Силјан Деспотоски ја вади главата, сака да ги изброи војниците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стрикото Лентен напамет ги знаеше сите села и избројуваше еден милион непознати краишта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Далу некој утре или друг ден ќе ги спомне и ќе побара нивните коски или ќе ги изброи безимените гробови?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Откако изброил на едно купче рамно сто жолтици, ги турнал пред стрика Никола и рекол Овие ви ги оставам вам за ваша издршка и за издршка на Драгана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа пак зел да брои жолтици и пак откако изброил рамно сто, пак ги турнал пред стрика Никола; Овие, рекол, ви ги давам за кô ќе порасне Драганка и за кô ќе ја мажите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еден ден дојде кај мене во училиштето дедо ти, изброи рамно сто жолтици и ми го раскажа ова што јас сега тебе ти го раскажувам.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Не се лутам, велам, може и нас да ни се изброени дните.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе