изборен прид.

изборен (прид.)

Поголемиот дел од движењата за национално ослободување го следеа истиот пат: со Фенон како пророк, тие попрво ја избираа етничката отколку „изборната“ теорија за нацијата и попрво се приклонуваа кон културниот идентитет - тој модерен израз за Волксгеист - отколку на „секојдневниот плебисцит“ или идејата за „вековно здружување“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Интересот на државата за дистрибутивна правда секогаш потешко добива легитимација - тоа е рецепта за изборен пораз.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не очекував само дека партијата на власт ќе бара еден вид услуга: откога ќе се заврши водоводот, јас да сум бил кандидат за пратеник за наредните избори од изборната единица во која влегуваше и Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Маказар е во изборната единица број 24 и, бидејќи доаѓаат изборите за Парламентот, иако датумот уште не е одреден, историјата на местото ја поврзав со сегашноста, со карактеристиките на изборната единица и со можностите на политиката во овој реон.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ми се повраќа од изборни кампањи; од билборди и ситилајти, насликани со исфрустрирани копуци, дибеци и жбитаци, што сакаат да станат некој и нешто; од лопови и преваранти што слободно се шетаат по улица; од доктори–митаџии, цајкани со по два мобилни, учители без етика, лидери со мнооооооогу мали јајценца и гоооооолеми бисаги...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
На 5 јули 2006 се одржаа петтите парламентарни избори според пропорционален модел, во шест изборни единици.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Како што наближуваше ноември, во изборните водичи во државата Мичиген се објавуваа информации како гласале одделни законодавци за мајските измени и дополнувања на буџетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи 2000 година беше изборна, наредните месеци и натаму во цел Мичиген се чувствуваа бранувањата од гласањето во државниот законодавен дом.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)