избледи св.

избледи (св.)

Така е: старецот со старомоден избледен огртач, не брза.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И нешто од носењето, но повеќе од сонцето и прашината, - палтото избледе и некако потемни, што можеше најарно да се забележи кога ќе се кренеше реверот или низ малиот процеп на испараниот астар. Но ништо за тоа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И Павле пак протера со него шест месеци. Практична работа. Само што сега палтото се истегна, свисна и уште повеќе избледи и потемни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стана, остро зачекори, загледан во светлата реска на прозорецот која избледуваше и тоа како да го дразнеше па со поголема жестина ја излеваше својата огорченост од човечката слабост и плашливост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Додека ја смируваше својата лутина, збивајќи го острото сечило во телото на Јурукот, некаква далечна, избледена слика, или одглас на некаков разговор, за миг му прелета низ главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Криевте од мене, но јас, иако бев малечка, сфаќав дека нешто се случува: чудно ми беше сето она што го правевте; но како што растев, сѐ појасно ми стануваше тоа; не можеше да ми избледи и да ми исчезне она што ѝ го правеше на мајка ми: ја тераше да носи појас на мевот; ја тераше одвреме-навреме тој појас да го зголемува, да му приклава дипли со памук и крпи, да го заоблува мевот што поприродно да изгледа; ја предупредуваше да се пази од луѓето и од нас децата, но кутрата мајка не можеше да се допази, да се дочува: кога тоа го забележав една вечер, не ме фаќаше повеќе сон; се преправав дека спијам, а гледав како таа скришум го вадеше појасот и на месечевата светлина дошиваше уште дипли.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Хорот: Секоја представа има свој крај но во крајот и почеток е знај особено кога е нај како во нашиот рај ...или можеби вака Истиот распоред, истата боја. св. Јован, облечен во својата избледена талкачка облека, влегува, носејќи црвен грамофон.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И така од ден на ден, несетно, подоцна, по овој запис уште повеќе , чудото и чудесноста на едно делче од минатото избледува, станува ненужно знаме на кое ни видовникот не може да му ги определи знаците и припадноста.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Иако сето тоа почнува полека да избледува додека зјапам во ацтечката цивилизација која изнурнува од масичката за чај.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На пролет, кога има влага во воздухот, сѐ уште можеше да се осети мирисот на коњската урина, бидејќи тој мирис, едноставно, никогаш не избледува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Потоа лицето на Големиот Брат избледе и наместо него се појавија трите слогани на Партијата со големи букви: ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со некаков избледен ентузијазам, ќе покажеше со прст на ова или она парче старудија - порцелански затворач за шише, насликано капаче од скршена кутија за бурмут, медалјон со прамен коса од дете што веќе беше одамна мртво - никогаш не барајќи од Винстон да ги купи, само да им се восхитува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тамам минуваше крај една висока авлија преку која се надаваа бујни јорговани и над којашто се извишуваше трикатна куќа со фасада на којашто преовладуваше избледена сина боја со два балкона искомбинирани од мермер и ковано железо, чу како крцна дрвената порта на горниот крај на авлијата, украсена со ковано железо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Марко се свртува и гледа: разградено е лозјето, по меѓата расте млечка и ниска капина, малку погоре се накрева камењарот до подножјето на суриот рид, а над ридот одвај се мрежи бледната синевина на небото, во која секаква појарка мисла избледува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Гледа во еден од свештениците, повиено старче со влажен и замислен поглед, кое поради возраста веќе не служи по епархиските цркви, забележувајќи дека неговата риза е толку стара и така избледена, што наместо црна, на сивата светлина на денот се чини модра.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако чуварот не ја одбрани среќата, сонот е празен, стомакот е празен, страста е избледена.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Тогаш мора да капнала оваа крв многу одамна, за да стане кафена, па и кафената боја вака да избледи.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)