избега св.

избега (св.)

Силјан асли тоа бараше, за да го пука татка си и мајка си, кога ќе чујат оти и од Прилеп беше избегал.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кладоа тие неколку владици и отворија неколку трговски агентства, го поддржаа со пари востанието во Македонија и прехранија во Бугарија мнозина, обездомени Македонци избегани во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓутоа, тој сепак направил мал превид: во 1889 год. сепак избегале само мал број македонски студенти ученици од Белград во Софија, додека големата група за којашто зборува тој овде, ја напуштила Србија на почетокот на февруари 1890 год.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од избегувањето на првата група македонски ученици во 1889 година, за коешто спомнав, сѐ до 1895/6 учебна година избегуваа кое по мали групи од 5-10 души, кое одделно од по 1-2.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
АРСО: Уште борч... (Пак станува, гледа.) Ќе ја свршиме, не е лозјето зајак да избега... (Се слушаат свирки од далеку.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОП ЈАНЧЕ: И ние донесовме решение да избегаш по Илија. Се согласуваш ли?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Избега и еве го сега овде во оваа осамена колиба ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Беше си се замислил за сето што го преживеа последниве денови, а во душата го копкаше мисла за својата грешка што го застави да избега од домот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ако ви се случило некогаш да сте избегале од дома и првата ноќ да ве затече сред опустени бавчи, каде што шумот на ветерот ви се причинува како сподавен викот од многу гласови, ќе разберете зашто на Мечета – така се викаше тој – сега му тупка срцето како на врапче затворено в клетка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се обиде да избега. Брзо ја подадов ногата и го сопнав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Помина подгрбавен селанец. Едно од децата притрча брзо, го повлече неговото магаре за уво и избега ширејќи ги рацете како да лета.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бев вљубен во синооката Ана и љубовта ја знаев до тој ден како разговор за книгите - за Робинзоновиот Петко што избегал од човекојадците, за Гуливеровите смешни настани во земјата на Лилипутите, за детските војни во Павловата улица, за сите Вернови и Велсови фантастични чуда, за приказните од Илјада и една ноќ.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Крсте не ја кажа вистината, ама рече дека му избегало, та дури овде над село го фатил.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
„Ако а видел човек прв мечката, ќе се уплашела, ќе го поплукала и ќе избегала од него, а ако го видела првин таа, ќе му врлела и ќе го изедела.“
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Влезе ѓаволот во попот и напна со сиот ум да го жени Крчето уште на петнаесет години дете и тоа — за која? — за Анѓа, од која сам избега пред три години оти беше недомаќинка, „расипана“, како што велеше тогаш.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Гласот беше тврд и предивикувачки и можеше во тој час да се разлее во широка смеа - „Јас, на зајак. Избега.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Сите офицери не избегаа, сите не се исти.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Овие го слушнаа и веднаш почнаа да ги затвораат дуќаните, да ја избегаат глетката која ја приготвуваше кадијата за сите „неверници”.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но тогаш, во таа ноќ, на Отец Симеон уште анѓели му пееја над глава. „Добро утро“, се насмевна човекот, Отец Симеон се сврте кон него и го остави адвентистот да избега, да го однесе со себе своето ненадејно штукање.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А тој вешто избега, заигра по лицето на Славчо и му ги затвори очите...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК