избаци св.

избаци (св.)

Чичко Анѓеле се поздрави со командирот Планински, му пристапи на Трајчета, го прегрна, го избаци и му рече: - Благодарам, Трајче, ти ме спаси!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тој ги прегрна, ги избаци и тргна... Тргна и веќе не се врати...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ми иде да ја гушнам кравата, да ја избацувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И таму запревме и Мирче се сврте и редум ги избаци децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Барем да се избациме...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе нѐ дотера на олку, што се вели, уште да се избациме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се избацив со жените и се качив на возот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Књазот и ајдутот се избациле, се заколнале пред златен светогорски крст и удриле со своите војски на страшните јаничари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека одеа кон целта веќе од срце, со душа та ги пееја стиховите „Ај повтори, избаци ме Аман, аман...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во отсуство на чичко Томе, кој уште во рани зори заминал за варница, да ја ѕида на суво со сур камен и суво грло, за леб и раат на челадијата и душата, мајка му го избаци по сите страни држејќи му го лицето меѓу дланките како велигденско јајце, и долго му мавташе со марамата од главата, небаре го испраќа чедото на далечен пат во непозната земја.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)