идиот (м.)

Пусти ми вујко за да се покаже патриот — стана голем идиот!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Види го ѕвер!... Види го ти него патриот — идиот!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Идиот, ќе нѐ чујат, низ заби писна налутениот Пенчо, ноздрите му беа змејски раширени, но всушност личеше на згрчена птица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го слушам во дворот викањето по мајка ми остро и налутено: идиоти, не ѝ даваат спокојно ни облеката да ја прибере, што ќе ни треба таму.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Идиот. Зошто се повлекува. Ајде, нека дигне рака!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Идоли ви се оние идиоти кои се самоубиле слушајќи ја „Тужна је недеља” и ситниот криминалец Киро Атевиќ.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А произведенијата на тие двајца идиоти растурени се низ сите бугарски краишта зашто се делат бесплатно...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој млад идиот, тој будалест садист, ниту не насетуваше дека еден ден ќе го жнее тоа што го посеал.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ние дртите идиоти! секогаш кутрите будали! Ние секогаш!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
ЉУБА: Колку глупаво постапив јас? Испаднав таква идиотка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Имав стотици мегабајти закопани во мојата глава, како генијален идиот, информации до кои свеста нема пристап.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во нашиот град наречен Република Македонија (и кој во себе негува благи тенденции на отцепување од здодевната држава Скопје) веќе подолго време, во смисла на денови, постои една група луѓе (прошарана тука и таму со пар цицачи, аквариумски риби и неколку собни растенија комплет со саксиите) собрана околу тајното здружение во формирање - АРТ ИДИОТ.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Модерниот уметник, не баш двоен идиот, ќе му додаде на идиотизмот кој го карактеризира неговиот статус во полето на уметноста една комедија на идиотизмот која ќе го засега како индивидуа, во една иронична, комична или со потрагичен тон обоена пракса.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Човекот се претворил во идиот и им се радува на грчевите.”
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Реков дека мислам дека секој кој верува во „татковинска“ уметност е идиот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ти си идиот“, рече Земанек. „Гледаш дека не те сака“ рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме прашаа што сум мислел под тоа дека Волшебниот збор на овие културни идиоти е „татковинска уметност“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Нека оди кај сака. Идиот. Се напил како свиња. Плампа што не било.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Идиот! - викна некој таму од сета сила. Чаши стрескотија, се чу како падна столица, отфрлена на минување.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Какви милјеа? Тоа се реднекс, фашисти, морони, пореметени идиоти што пет реченици не прочитале во животот, луѓе што ја држат оваа земја во заложништво верно гласајќи за онаа ретардирана будала што веќе осма година седи во Белата куќа...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Повеќе