игуменски прид.

игуменски (прид.)

И кога му соопшти говедарот на дедот Стале, тој си ја зеде патарицата, која беше симбол на неговиот егуменски положај, и му отиде во црквата пред иконата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пиеле ракија живи и на чекор од белото молчење на игуменските гробови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Раскажуваа дека Неделко Шијак му се пожалил со влажни очи - синовите ќе го остават без каменен крст кога ќе сконча, и зетот му ветил со клетва дека самиот ќе изделка крст поголем и од игуменските во дворот на манастирот Свети Никита, на крстот ископано име со букви - овде лежи божиот човек Неделко Шијак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со тага ги гледал лицата на жените во црно и под црни забратки, бледи и издолжени месечини на црно небо, меѓу црни облаци и над црна земја; како под заповед клекнале и ја допреле со чела камената плоча со голем крст, поголем од крстовите на соседните игуменски гробови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стравот да не биде еден ден сепак донесен пред игуменскиот суд на Свети Ѓорѓија-Горг, затоа што пред години избега од манастирот - можеби тој подаде глава?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)