зоврие св.
зовриен прид.

зоврие (св.)

Доста го развали оганот и дури Илко беше да го лови петелот, котлето со вода зовре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доволно е над селските стреи да поминат лутите писоци на дивите гуски па да зоврие крвта ловечка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ја слушна и последната строфа од песната, ја запре свирката и ѕверски и се впи во очите: зовре од гнев и лутина, та замавна и силно ја удри со тамбурата по глава.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Крвта зовре во сите девет души. Се наведе стариот и му стори грб на еден од неговите другари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пред него беше една средена собичка три на три метра, во едниот агол беше дрвеното самоделско  легло, во другиот гореше големата печка, над неа граот беше зоврен, до прозорецот беше масичката, а на ѕидот од дебели греди висеше неговата пушка, фенерчето и уште неколку листа хартија, од кои едно беше минатогодишен календар со ливчиња што се откинуваат секој ден, на кој стоеја сите ливчиња неоткинати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наеднаш во него зовре гнасењето кон таа кобна муцка и тој сега мораше да стори сѐ, за што имаше сили, само да го испади од тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Замина потаму, дури откако успеа да си го придуши во себе сиот тој зоврен бес.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И зовреа од лутина кога видоа крај оградата прострелано куче.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Водата во шлемот зовре. Евто одврза од една крпа сол, ја тури во водата, ја зеде торбата со пченкарното брашано, скрши една дебела гранка место сукало и му заповеда на Трајчета: - Ти ќе тураш од брашното, а јас ќе мешам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Околу средето на зимата се досвршија дрвата по двориштата и аскерот почна да гори сѐ она што беше од дрво направено.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— И јас тоа се мислам, луѓе! Да дојдете со нас, треба цела Бабуна, Мукус, Крушевските планини и Пелистер да ги одите дури да ги фатите леринските планини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кај нив ќе зоврие живот, тие ќе се насладуваат од него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе ми зоврие крвта, вели, а ми е страв да влезам низ врата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Види мрави да не влегле во маштеницата, викам, од мравите побрзо ќе зоврие, ќе се скисели, викам, мрави, викам, мрави, мрави, од секаде мрави: во очите, под кожата, во маштеницата, види во маштеницата, викам, а Јон ми се одѕива, не слуша, а ми се одѕива, а мене сѐ ме боли и ме онеспособува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Додека се чека да зоврие водата, се замесува тесто од царевно брашно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Има два вида бакрданик, варен и вртен. Варениот се припрема на брза рака; откако ќе зоврие водата во котелот, во која пред тоа има турено сол и неколку дрвени лајци сало, полека се сипа царевно брашно и со сукало постојано се врти, затоа и се вика вртен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зоврев и му се фрлив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ти зоврела крвта, не те остава да мислиш попаметно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред тоа испив голтка вино од жудливо грозје што го раѓа од песок Македониичкава, ме натера домаќинот да го сторам тоа, го опијанив срцето и појдов во длабочините на животот да ги поздравам оние што не се веќе мртви и да им раскажам како почна највозбудливиот ден на овој свет: ја видов 'рженокоса, пораснав, треската што ме мачеше изгоре од огнот на крвта премногу зовриена за да не знае што се случува во шеснаесеттата година.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во него зовриваше нешто што тој очигледно не можеше да го сокрие.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе