знаменит прид.
знаменитост м.

знаменит (прид.)

Тоа е знаменитата и монументална Келнска катедрала, која, со своите кубиња, високи 155 метри, речиси и ги распарува облаците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И од оваа страна, како и од надворешната, Потковицата обилува со знаменити води.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од сите знаменити води, Молитвена Вода, откако се паметува, играла најзначајна улога во животот на населбата во Потковицата и на сите околни села.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
2. Натаму од Неделска Вода, околу наоколу по должината на целиот гребен на Потковица, некаде и на падините, под осамена оскруша, под осамен глог, или под осамен џбун од диви рози, сѐ до нејзиниот крај, односно сѐ до почетокот на источниот лак, се таат Средочна Вода, Топла Вода, Киселец и многу други знаменити или безимени води кои служат за поило на луѓето, на добитокот и дивината.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Знаменитиот есеист од ренесансната епоха Мишел Екем Монтењ, еврејскиот маран, преобратен христијанин, во една од најчитаната книга на сите времиња, во неговите Есеи, на пријателството му посвети одделен есеј кој не престанува да се толкува речиси пет векови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Камилски не беше задоволен од одговорот на Татко, кого, сепак, го сметаше за покомпетентен од себеси и продолжи: Бездруго не ја изуми Книгата на патувањата на знаменитиот патописец Евлија Челебија, кој трагаше по вистината на три континенти во XVII век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК