злобен прид.

злобен (прид.)

Богословот беше пркосно насмевнат а тој не беше сигурен дека неговиот глас звучи злобно. Не звучеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Невидливите гавраништа, разбушавени црни старци со злобни челични очи, закрескаа од негде.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Агларон шета, - вели тој и злобно додава, - уште малку им останува. После ќе прошета динамитот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Злобното јазиче на пламенот веќе се движи по тенкото тело на фитилот кон длабочината на подземјето. Зар започна она, главното?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неговиот глас громовито ја цепеше тесната ќелија, зборовите заканливо јуреа, се заплеткуваа во некаква злобна караница.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кутрото старче трчаше безнадежно по својата шапка, а злобниот Димче се смееше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сакаш да расцутиш пред мене, па сите да гледаат во тебе, сите да зборуваат за тебе. Завидливо си и злобно...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Потоа ми дојде една дури злобна мисла во главата - дека можеби со ова што ја преместив сликата му помогнав, ако тој и без тоа имаше таква намера...да ја премести.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Им ги одзедовме имотите, дуќаните, немаат ништо, освен злобниот дух, па разбирливо, нивни пријатели станаа козите...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Богаташите беа нарекувани капиталисти. Тие беа дебели, грди луѓе со злобни лица, како она на сликата на спротивната страница.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како што се надеваа некои од злобните соседи, познати, па и роднини.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Ха, - злобно се насмеа Белото. - Ти сакаш да ме измамиш.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Со таа злобна реченица ја постигнав целта, оти Луција ме прострела гневно со очите и рече: „Би замолила да внимаваме што говориме овде и да не го навредуваме народниот дух и Партијата што стои во негова одбрана“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мислел ли секој од нив дека секој друг потврдно ќе гласа, па неговата анатема на Филозофот ќе остане сама, во малцинство, непрепознаена кај логотетот, дека ќе сокрие дека устата му говори слаткоречива лага, а раката пишува вистина злобна?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но тој сѐ така еднакво ме биеше со шлаканици жешки, и крв ми јурна од носот, но тој биеше и велеше: „Кажувај, сатано, со каква магија расипана, нечестива се служиш за да гледаш“, а јас веќе ништо не велев и само си мислев: „О, Боже, се молам за душата на отец Стефан Писмородецот, оти злобен е и завидлив на оние што гледаат, а злобата е недостиг на виделина, и нема злобниот да прогледа додека му завидува на оној што гледа!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нешто повеќе, како одговор на злобната насмевка на некои од присутните цивили (повеќето Европејци), јас нарочно ги раздвижив усните и давав изглед како да се смеам.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, величајќи ја вербата наша не само пред нас туку и секаде каде што одиш – во Ерусалим, Антиохија, Кипар, Мала Азија, Ефес, ги привлече на нас злобните очи на нашите душмани!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Аааааааааа, сега ќе те кажам на баба! - викна Томе и со злобен кикот отрча во нивната куќа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Совладувајќи ја зависта што е услов за причинување на злобни дела, тој нема веќе потреба да прави злосторства.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во приказните тие се претставуваат и како злобни, а можеби е тоа земено од животот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе