земјоделски прид.

земјоделски (прид.)

Ширата и мамалигата, и печената пастрма и попатните земјоделски изложби, брзо се забораваат кога на влашката рамнина ќе се појават петролејските кули, чиниш безброј како една шума.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А властите во сѐ им излегуваат во пресрет; настојувајќи преку нив да го вратат животот во Потковицата, покрај што им ја вратија нивната поранешна земја, која ја имаше присвоено Земјоделскиот комбинат од Прилеп, им придадоа и друга.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Едината јас ја имам и шинелата од претседателот на Земјоделската партија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја имаме само шинелата што ми ја даде претседателот на Земјоделската партија, Пападимитриу.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Земјоделските и сточарските задруги не ги дадоа очекуваните резултати.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Огромните дотации за земјоделскиот сектор предизвикаа многу несакани последици: хиперпродукција, расипништво, еколошки штети.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Бидејќи Штраус бил фармер од американскиот Запад тој искреирал пантолони од грубо платно наменето за селаните што работат тешка земјоделска работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс имал намера овој принцип да го примени „не само на уметничките форми, туку и на општествените, правните или економските форми па дури и на земјоделските... или образовните проблеми“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гратчето беше лирско и чудно, земјоделско местенце со необични ефекти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кој може да објасни како или зошто тој снежен леопард дошол од Азија да престојува во таа неупотреблива пештера во едно маргинално земјоделско градче меѓу полиња на јачмен и компир во јужен Ајдахо. што го оформило таквото патување, какви лоши проценки, кои промени на ветер или струи, какво промашување на кое божество?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Враќањето кон земјоделското минато, како што сонуваа некои од мислителите на дваесттиот век, не беше практично решение.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Превозот на македонските земјоделски производи по железницата бил мошне скап.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И вториот: Веќе два пати за мене животот има завршено: еднаш, во 1945 година кога татко ми повеќе не можеше да ми овозможи да продолжам да учам така што морав да ѝ се вратам на земјоделската работа којашто не успеав ни да ја засакам ниту пак на неа да се навикнам и, вториот пат, кога почина жена ми оставајќи ме како чкор в планина по кого што никој жив не ќе се наведне да го земе за макар каква употреба ама јас и сам си го имам кабаетот зашто немав пари да му го платам лекот за да си ја излечам женат на Војаната, душманиот на мојот татко заедно со оној Трајка Казиовски од Ливаѓе и сега и мои душмани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Водата ќе се користела за наводнување на Црноечката долина и дека на тој начин ќе се постигнеле поголеми земјоделски приноси.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пресметките кои се правеле за да се утврди точното настапување на ранодневницата во пролет и нејзиното значајно влијание врз приносот на земјоделските култури и врз животот на населението.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не ми се верува дека и сега е така во Македонија Ако има божја правда не би требало да е така Зошто инаку би ми кажувале сите дека Македонија Е европска земја во изградба А самите Македонци едно време далдисани Од братството и единството и затрчани по ударнички значки Самите Македонци значи велеа Дека додека трае обновата и изградбата нема одмор А богами начув дека и во последно време Чекореле преродебенички и надградено Иако не разбирам баш точно што е тоа вели Папата Сепак верувам дека еден ден ќе здивне и тој народ Иако никогаш не си начисто со народите чиишто водачи Немаат поумна работа па катаден повторуваат Дека имаат библиски корени Бетер се од папагалите какаду некои водачи на Македонците На кои јазиците им се одамна отечени од извикување празни пароли Ако продолжат така на некои водачи на Македонците Можеби ќе им паралдисаат и очите Од непрестајно гледање во огледалцето од приказните Коешто вешто ја мамело грдата сопственичка Дека најубава на светот е баш таа Така непредвидено ни скршна муабетот со Папата На македонски теми а јас не му кажав ништо за тоа Ни а ни б не реков иако од порано бев чул во близина Некои доселеници како на глас викаат Македонија на Македонците Викаа нешто и за земјата на земјоделците Од што разбрав дека Македонија е земјоделска земја Викаа нешто и за Солун дека бил нивни Ама едни други доселеници викаа уште понаглас
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Додека Законот од 1997 година пропишуваше дека само оние вршители на земјоделска, сточарска или друга дејност кои остваруваат приход во семејството кој просечно месечно е пови- сок од просечната месечна нето плата по работник во нестопанството во последните три месеци нема да можат да се водат како невработени, Законот за изменување и дополнување од 2004 година тоа го прошири на сите вршители на земјоделска, сточарска или друга дејност (чл. 6).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како нови основи фигурираат: а) одбивањето вработување со полно или скратено работно време, кое не е помало од половината од полното работно време, а е соодветно на образованието, знаењето и можностите на невработеното лице; б) прекинувањето на обука, преквалификација или доквалификација по вина на невработеното лице; в) исполнувањето услови 72 за стекнување право на пензија (покрај веќе постоечката основа која предвидува остварување право на пензија); г) затекнувањето на работа кај работодавец од страна на надлежен орган; д) неоправданото одбивање привремено вработување во исклучителни случаи (поплави, земјотреси, неопходно извршување на земјоделски работи и слично); ѓ) одбивањето работно ангажирање за вршење на јавни работи; е) одбивањето вработување на работно место за кое се бара пониска стручна подготовка од онаа на невработеното лице, а ако тоа, непосредно пред да остане невработено, со своја согласност, работело на такво работно место или изјавило дека прифаќа вработување и на понизок степен на стручна подготовка; ж) нејавувањето на покана на Заводот за вработување од неоправдани причини; з) небарањето активно работа во последниот месец и ѕ) неизвестувањето на Заводот во рок од осум дена за секоја промена која е услов или основа за стекнување, остварување или губење на правото на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Покрај тоа, согласно претходно спомнатото пропишување дека занимавањето со земјоделска дејност целосно е инкомпатибилно со статусот невработено лице, отпочнувањето со вршење земјоделска дејност, без разлика на остварениот приход, од 2004 година повлекува престанок на водење евиденција за невработеност (чл. 10, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ѓорѓиевски одлучно истакнува дека ваквиот игнорантски однос на државата е апсурден и несфатлив, особено кога се работи за земјоделски култури кои се од стратешки карактер за националната аграрна политика, култури од кои се добива загарантиран доходовен производ, во случајот, шеќер.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе