земјанка ж.

земјанка (ж.)

Пред земјанката внимателно го тутна в џеб едновремено застанувајќи стегнато крај Србина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сега веќе разговорот требаше да стане многу стручен, но за среќа, во моментот од земјанката излезе Србин. Прв.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Како што внедоапица дојдоа така пројурија низ окопите едни како да се жирафи гледајќи преку окопите, а други подведнати како изгладнети мачки глушец што бараат, се пикнаа во земјанката кај командирот, рекоа што рекоа таму и како што брзо се појавија така брзо се изгубија по истиот окоп назад.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На првите звуци од клепалото долината оживе. Од сите бараки и земјанки почнаа да излегуваат луѓе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вечерта го најде Толе чаушот Андона во чија десетина беа потиснатите рудари и овој го одведе во една земјанка и му ги покажа двете празни места.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Земјанките, окопите, сѐ е каша направено. И живи Бугари имаше затрупано под земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се префрливме на Ѕвезда. Цела ноќ копавме ровови и земјанки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Првин бугарските, во есента во 1915-та, а потоа и германските војски, енергични, откако ги прогонија Србите од Потковицата, веднаш ги зазедоа и Чауле и сите стратешки позиции, а падините на ридиштата, и горе над шумата и долу под шумата, ги ишараа со окопи, направија, замјанка и чекаа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Арно, ага. Еве одам“, рекол дедо Геро и влегол онака во земјанката божем да го запали огнот и да им ја направи топеницата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Покривите од неколку земјанки веќе беа пропаднати и сега луѓето се плашеа за куќите, па со качување или со предегање го чистеа снегот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дедо Геро, во ’рженицата од покривот на земјанката држел скриена мартинка.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Чанга можеше сѐ да поверува од книгите, ама никако не му влегуваше в глава, тврдењето дека Калето според остатоците на земјанки и колипки е старо четири илјади години.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дозна дека тврдината била населена уште од праисториското време, уште од неолитот и раното бронзено доба, четири илјади години пред новата ера, за што сведочеле остатоци од земјанки, колипки, палисади.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогаш сфати дека толпата селани се натискаа во земјанката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дојдоа право кај влезот во земјанката каде што Едо од своето стражарско место не можеше да ги види, но не мина многу и тие пас се вратија кон влезот во училиштето држејќи за мишки некој пристар човек со кусо шајкачно палто, во опинци и со темно-црвени чорапи шарени со црно и бело предено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Барајќи го со поглед Марка, со изненадување виде дека грдомасниот слаб митролезец на нивната чета, Босанецот Мујо, со својот „шарец“, насочен кон влезот на земјанката, лежеше со кундакот стегнат во десното рамено, окото на нишанот и прстот на чкрапецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така бевме воспитувани таму во ровот, во бункерот, на кратката почивка по долгиот ноќен марш, во влажната земјанка, во ровот и во бункерот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носилката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И пред тоа, речиси цела година, таму во рововите и во земјанките, и пред одење и враќање од борба, политичките секретари во името на партијата, најлошо ни зборуваа за Тито.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Целата десетина ја истера од земјанката и нареди по вакво време да копаат... A јас, пак, тогаш бев во соседната земјанка... - Е, братко, си надробил.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе