здипли св.

здипли (св.)

Крвникот се искрива, го здипли шамивчето и го стави во џеб; потоа го спушти долгиот, непријатно бел прст врз копчето од електричното ѕвонче, се потпре на него со целата рака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа го знам и би сакал уште да знам - кога можам да заминам кон чистилиштето на една планина како економ.“ Се потпиша и го здипли писмото со невешт искинат ракопис, по малку очаен зарад својата искреност, овој пат без капка цинизам, но и зачуден дека човековата биографија може да се набие в кожура како неколку зрнца ситен и безначаен барут.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој веднаш се поиздвои од чуварот и, здиплувајќи го челото, подзастана до Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор го здипли челото. Зошто го одби неговиот предлог?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пред нив се здиплуваше тешка, непрониклива темнина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Потоа ќе ја здиплеше изветвената карта на која одвај се распознаваше слободата И на која уште светкаше огнот на вкрстените мечови Врз белата пепел на предците.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Мајка ѝ на Благуна, вдовица на Васила Јанческа, почина меѓувреме, а главата на сојот Јанчески, војводата Крсте Јанчески, на кого сѐ му зарастуваа месата и кого и новата српска управа го тормозеше, откако го прочита писмото, го здипли в пазуви и два дена со никого не прозборе од своите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе ги здиплам убаво и ќе легнам на нив, ќе ги налегнам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
* Ја здипливме улицата послана со нашата неминовност. Последната автобуска станица ти ја закачив на реверот од палтото.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ја здиплува сукњата и оди до касата да плати.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Организери од шарен картон кои можат да се здиплат во фиоки, во мали комоди, во шкафчиња, на полици...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во ковчегот ги здипли и изнареди и деновите, и неделите, и годините и надежта. Убавата невестинска надеж.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
XI Мајка повторно ги здипли трите знамиња. Ги остави на старото место.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По таа напорна експликација, генералот ги собра капките пот од челото и ги конзервира во шамичето што му го подаде сопругата, а тој го здипли во џебот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го зеде чаршафот од фијоката, (веројатно таа го имаше здиплено и оставено таму), и го посла пред нас.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)