збрчка св.
збрчкан прид.

збрчка (св.)

Петиците на неговите чизми се искривија, лицето му се збрчка, сјајот на копчињата под виснатите веѓи изгасна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дедо Спасе нема каде. Ќе се почеше по тилот, ќе се замисли малку, ќе го збрчка челото па ќе почне: - Било еднаш некое дете...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Една солза капна врз мене и јас се збрчкав од жал.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Во минатата година грозјето, она ситно и темномодро како парченце ноќ и прораснато во овој крај за земјата и за човечките срца, мувлоса необрано меѓу ластарите, а тоа се случи кога умреа праските: лисјето без позната причина поцрвенети, се збрчкаа, потемнеа, потоа искапаа, плодот се исуши несозреан - врз семката остана само пеплосана сува кора без капка сок.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Старче, со чемерна замисленост повтори Доце Срменков; воздивнал неутешно, лицето му се збрчкало. - Така е, старец сум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А кога ќе се збрчкаш, анамо лесновска, ќе се сетиш дека си можела да имаш домаќин.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ќе се збрчкуваат, ќе станат старци без мустаќи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го исклучував тонот и склопчена на каучот ги гледав Индијките како ги отвораат устите во облик на буквата О, ги збрчкуваат веѓите во облик на буквата V, се подигруваат со своите црни плетенки, ги камшикуваат Индијците со своите страсни погледи, забрзано дишејќи и гледајќи накосо, како зајаци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Трненката е грмушка висока до човечки бој, а широка како копа ( спореди: мома како копа), плодот ѝ е ситен како брбушка, колку модар уште повеќе кисел, кој се задржува на гранките и до зиме смалувајќи се и збрчкувајќи се како природно исушена и конзервирана јагурида.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И во возот што одеше од Љубљана за Виена му се чинеше дека неговите случајни соговорници (најчесто Словенци, кои и самите зборуваа сосема несовршен српски откако прво ќе му се обратеа на словенечки) секој момент ќе го збрчкаат носот со презир кон неговото успорено одбирање на соодветни зборови во нивните сосема банални, попатни разговори.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Едната од нив го збрчка носот, другата ги рашири ноздрите, а најдоминантната се исправи, главата ја подаде нанапред и почна да го душка воздухот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
ќе бараш наслови за следните книги Бесови песни, Лажна смрт, Плодни денови поетите ќе ги распознаваш по интонацијата а времињата и приликите според употребата на заповедниот начин карфиолот и модрите патлиџани ќе ги готвиш без рецепти, така што да побудуваат носталгија по домашно огниште и другите туѓи именки сеедно по којпат, сега чекаш - чекањето по дефиниција е бесконечно - можноста да напишеш песна лебди во собата како можност за љубов, како самовила цела како јајце, како гром, како Господ цела челото го збрчкуваш пред карстната перспектива на иднината и ги трошиш последните резерви надеж - тебе речиси непотребни.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Лицето одеднаш му се збрчка и на него се појави таа ужасна тага.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)